Алерголошки тестирања

Порастот на алергиските болести кај пациентите е присутен заради хиперсензитивноста и променливиот имунитет. Стресот, неурамнотежениот начин на живот, вклучително небалансирана исхрана, зголемениот внес на брза храна, нередовна физичка активност се фактори кои придонесуваат за намалување на имунитетот и појавата на алергичните реакции.

Основното во лекувањето на пациентите е детерминирање на предизвикувачот за појава на алергијата преку алерголошките тестови, како и соодветната едукација на пациентот. Алерголошките иследувања се прават ин виво и ин витро, преку кожни алерголошки тестови ( prick), patch тестови, провокациони тестови, па се до серолошки тестови. За секој проблем постои решение, а за некои проблеми постојат решенија кои можеме да ги решиме со навремено консултирање на лекар, алерголог кој соодветно ќе пристапи во насока на дијагностицирање, лекување и Ваша едукација.