ЦЕНТАР ЗА НЕГА И ПРЕСАДУВАЊЕ НА КОСА

Ординација „д-р Анчевски“ со својот стручен тим во соработка со неколку светски центри го отвори првиот центар за нега и пресадување на коса во Р. Македонија.

ПРОГРАМИ НА УСЛУГИ
• Прегледи и врвна дијагностика на сите состојби и проблеми поврзани со косата и скалпот.

•Третмани за нега на: сува коса, кршлива коса, хемиски третирана коса, масна коса, коса со првут и спречување на опаѓање на коса.

•Третмани за потикнување раст на нова коса: ласерски третмани, витаминска мезотерапија и PRP (третман со сопствена плазма збогатена со тромбоцити). 





Ласерски третмани

Безбедно, брзо и најефикасно отстранување на влакна со Soprano Ice Platinum најдобриот и моментално број 1 во светот апарат за ласерска епилација. Иновативна платформа во која што се интегрирани 3 најдобри ласерски технологии, најефикасната технологија за третирање на светлите влакна.

• Идеално решение за освежување и затегнување на кожата на лицето и вратот со најнова технологија – Clearlift




Отстранување на капилари и венули со Nd-Yag

Корекција на лузни од акне со Erbium и Pixel

Отстранување на тетоважи со Q-switch

Отстранување на хиперпигментации со Dye laser и Q-switch (Nd Yag)


Отстранување на црвенило, проширени капилари и хемангиоми на лице и тело со Dye laser

Затегнување на кожа на лице и тело, топење на масти и целулит со Accent (монополарен, биполарен) и BTL Exilis

Третирање габични инфекции на нокти со Q-Switch

Ласерско третирање на: вирусни брадавици, келоиди, кератози, кондиломи, папиломи и сл.










Хиперхидроза

Хиперхидроза е екстремно, екцесивно потење, кое е независно од климата, сезоната или физичката активност. Со проблемот хиперхидроза е зафатена 2-3% од популацијата и тоа 50% се манифестира на стапалата и дланките, 40% во пазувите и 10% на лицето особено на челото. Физиолошки најчесто се јавува во случај на адипозитет ( прекумерена телесна тежина), менопауза кај жените, аклиматизација и прекумерена активност на симпатичкиот нервен систем.

Како може да помогне Ботокс третманот

Ботокс неуротоксин третманот помага во контролирањето на симптомите од екцесивно потење кога вообичаените медицински помагала не покажуваат особен перформанс – на тој начин што времено ги блокира хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува. Се очекува дека ботокс инекциите времено ќе го запрат продуцирањето на пот само во третираните области. Потта останува да се произведува на сите други нетретирани места.

Вашата пот не оди никаде и не се задржува внатре, едноставно потта не се продуцира повеќе во третираните области со помош на Ботокс. Запомнете дека остатокот од вашето тело може слободно и на нормален начин да ја произведува вообичаената влажност. Самата процедура трае од 10 до 15 минути е релативно вообичаена. Мала количина на Ботокс разреден се инјектира плитко во третираната пазува преку многу тенка игла.

Ботокс третманот трае 8 месеци. Симптомите постепено ќе се вратат, тогаш пациентот ќе знае дали е време за повторен третман. Треба да се одреди стратегија на третирање во зависност од потребите на пациентот и можните резултати од самиот ботокс третман.

Доколку се одлучите да не продолжите со понатамошен третман, потењето постепено ќе се врати на својата пред-третирана состојба. Ефектите од Ботокс третманот постепено исто така ќе исчезнат и вашиот вообичаен начин на потење во целост ќе се врати


Акни

Лекување и третман на акни и лузни од акни

Што треба да знаете за акните

Акне е најчесто заболување на кожата кое ги зафака  85% од адолесцентите.  Акните не влијаат директно на здравствената состојба на пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија. Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување. 

Која е причината за појава на акни?

Делуваат повеќе  причинители едновремено  за појава на акни. Некои од  нив се следниве :

–   Гените кои ги наследуваме играат најголема улога дали една особа ќе развие акни или не;

–  Во период на пубертетот се поврзуваат со сеште нерегулираната хормонална активност;

–  Зачепување на изводните канали на лојните жлезди ;

– Зголемено размножување на бактериите (Propionibacterium acnes) нормално присутни во кожата што  доведува до формирање на гнојната бубулица.

Каде се локализирани акните?

Акните се локализирани на кожата на лицето, грбот и градите .  Може да се појават во еден од следниве облици :

–  Комедони (митисери) или познати како црнки или белки;

–  Папули (воспалени црвеникави мозолчиња);

–  Пустули (гнојаници) исполнети се со гној;

–  Tешки облици на акни  –  односно чворести промени кои оставаат големи и длабоки лузни

Лекување на акни

Лекувањето на акните мора да биде спроведено на време, индивидуално прилагодено и спроведено од стручно лице.

– Лечењето може да биде локално (лекови кои се мачкаат на кожата во облик на  гелови и креми) и системски (во облик на таблета и капсули). Кај сите облици на акни секогаш е добредојденa употребата на медицинска козметичка линија препорачана од дерматолог .

– Постојат современи технологии и процедури кои го подобруваат и убрзуваат лекувањето на акните, а се користат во ординација д-р Анчевски . Некои од најефектните третмани за акне кои се безбедни и приспособени за секоја возраст се: кристалниот пилинг или микродермоабразија, хемиски пилинг , радиобранови, ласерски третмани и фотодинамска терапија.  Овие третмани го чистат лицето од постоечките митесери и акни,  од  површинскиот слој на маст и мртви клетки, ги отвораат порите и  се одложува можноста за создавање нови акни и лузни од акни.  

Како може да се отстранат акне лузните?

Благодарение на напредните медицински технологии акне лузните може да се ублажат или отстранат под надзор на дерматолог. Лузните кај секого се различни по големина и длабочина па затоа и пристапот на третирање е индивидуален и прилагоден спрема состојбата на пациентот. Најчесто најдобри резултати дава комбинација на неколку третмани кои ги одредува и спроведува дерматолог.

Хемиски пилинг – третман со овошна киселина со одредена концентрација ќе биде нанесена на кожата со цел да се одстрани површинскиот слој кожа. Многу јаките концентрации може да стигнат до подлабоките слоеви на дермот. Може да постои лесно црвенило. Целта на хемискиот пилинг е да предизвика лупење на кожата. Во првите 14 дена се појавува новата кожа. По третманот потребна е грижа за кожата со хидратација и протекција со заштитен фактор. Овој третман не се прави во летниот период.

Дермаролер – ваљак прекриен со бројни микроиглички со кој при поминување врз кожата со лесен притисок се прават нежни микроубоди во епидермот односно површинскиот слој на кожата. Овие микроубоди на кожата делуваат на тој начин што ја стимулираат самата да се обновува преку продукција на колагени и еластични влакна и потикнување на факторот на раст што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со дермаролерот можат да се третираат целото лице, вратот и деколтето и други делови од телото во случај да се стретираат стрии и лузни. 

Резултатите од третманот се забележуваат уште после првиот третман,особено по две недели откако кожата ќе се регенерира. Сепак тоа е процес во кој кожата е стимулирана да се регенерира во наредните месеци со одржување на ефектот долго време. За целосен ефект се препорачуа да се направат 4-7 третмани на растојание од околу 3 недели.   

Ласерски третмани Pixel RF технологија – третман кој стои помеѓу конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат премногу време за опоравување. Новата пиксел технологија ја подобрува структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со илјадници микроскопски RF пиксли, работи како Photoshop за Вашата кожа. Пикселите во кожата се микрошуплини во длабоко оштетените слоеви кои ја разбудуваат кожата наново да ги множи сите свои структури и на природен начин да ја исполни лузната. После само неколку третмани резултатите се видливи и повеќе од задоволителни. Неколку дена по третманот има поинтензивно црвенило кое завршува со крустација. После тоа кожата е помазна и ефектот е видлив после секој третман. 

Фотодинамска терапија со лед светлина – нова димензија во лекувањето на акни. Ефектот на терапијата се базира на апсорпција на светлината од бактериите од кои што настануваат акните и значително се намалува работата на лојните жлезди, со што се намалуваат шансите за повторна појава на акни. Фотодинамската терапија е брза, безболна и ефикасна метода.

Микродермоабразија – третман на благи лузни од акни. За време на процедурата дерматологот работи со сонда која исфрла кристали за да се отстранат површинските слоеви од кожта. Со серија од третмани кожата регенерира и плитките лузни стануваат помалку видливи. После третманот со микродермоабразија кожата може да биде црвена, оваа состојба трае само неколку часа.

Третирање на акни со blulight технологија -Блулајт технологијата е неинванзивна процедура која користи светлина од сината бранова должина помеѓу 405-420 nm за уништувањето на пропинобактериски акни кои се одговорни за формирањето на акне лезиите на кожата. Оваа фотодинамична тереапија е FDA-одобрена за третирањето на лесни и средно тешки облици на акне вулгарис или акне вулгарис кои се резистентни на останатите терапии за акни.Третманот трае петнаесетина минути и најчесто се потребни две до три сесии неделно во период од две недели а потоа третманите се разредуваат во цели на одржување на ефектот. При третманот со аминолевулцин е потребна апликација на аминолевулцин во период од триесетина минути пред да започне третманот. За време на третманот се ставаат заштитни  очила. Третманот не е болен и добро се поднесува а индивидуано може да се јави благо поцрвенување на кожата за кое е потребно краткотрајно ладење. Веднаш потоа може да се продолжи со секојдневните активности. 


Совет

Акните може да траат повеќе години и единствените што се стручни да ја водат оваа проблематика се само лекарите дерматолози.

– Не ги притискајте самите мозолчиња бидејќи може да настане ширење на инфекцијата  во длабочината на кожата. Следете ги советите на Вашиот дерматолог.

Правилна нега и навремена терапија е сигурно решение да не  се јават несакани последици како што се лузни од акни кои ќе треба подоцна  дополнително да се лекуваат.





Сексуално преносливи инфекции

Дијагностика и третмани на сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливи инфекции (СТИ) се болести кои се пренесуваат при сексуален т.е интимен контакт помеѓу две лица преку контакт кожа со кожа или слузокожа. И покрај обидите за се поголема информираност во оваа област, модерниот начин на живеење, раното стапување на младите во интимни односи, зголемениот промискуитет со често менување на партнери и некористењето на презервативи при сексуален однос, се најчестите причини за зголемениот процент на овие болести помеѓу сексуално активното население.

За разлика од бактериските полово преносливи болести кои успешно се третираат со соодветна терапија, третманот на вирусните СТИ е проблематичен и понекогаш неуспешен.Најчести вирусни СТИ се инфекциите со хуман папилома вирус (ХПВ), херпес симплекс вирус и         инфекција со молускум контагиозум вирус. Во пораст е и инфекцијата со ХИВ вирусот.


Габична инфекција на нокти

Третман на габична инфекција на нокти со Q-switch ласер

Ласерскиот третман со Q-switch е најновиот пристап во терапија на габична инфекција на нокти. Прецизно упатен ласерски зрак може да ја елиминира габичната инфекција без да го оштети околното ткиво на ноктот. Ласерскиот зрак работи на точно определена фреквенција и ги третира само оние клетки кои се одговорни за појавата на инфекцијата.

Ласерскиот третман не предизвикува здравствени проблеми, а пациентите не чуствуваат непријатност за време на третманот. Самиот третман трае околу десетина минути за третирање на ноктот од големиот прст. Се разбира доколку имате инфицирано неколку нокти третманот подолго ќе трае. Постои и добро познатиот начин на терапија со соодветна одбрани лекови кои ги препорачува лекар дерматолог.

Проширени вени и капилари

Дијагностика и третман на проширени капилари и вени

Компјутеризирана доплер ултрасонографија или ехо на крвни садови е дијагностичка метода со која се овозможува визуелизација на протокот и функцијата на периферните крвни садови (артериските и венските крвни садови).

Алергии

Алерголошки тестирања

Порастот на алергиите и алергиските болести кај пациентите е присутен заради хиперсензитивноста и променливиот имунитет. Стресот, неурамнотежениот начин на живот, вклучително небалансирана исхрана, зголемениот внес на брза храна, нередовна физичка активност се фактори кои придонесуваат за намалување на имунитетот и појавата на алергичните реакции.

Основното во лекувањето на пациентите е детерминирање на предизвикувачот за појава на алергијата преку алерголошките тестови, како и соодветната едукација на пациентот. Алерголошките иследувања се прават ин виво и ин витро, преку кожни алерголошки тестови ( prick), patch тестови, провокациони тестови, па се до серолошки тестови. За секој проблем постои решение, а за некои проблеми постојат решенија кои можеме да ги решиме со навремено консултирање на лекар, алерголог кој соодветно ќе пристапи во насока на дијагностицирање, лекување и Ваша едукација.

Микроскопско дијагностицирање на кожни заболување

Специфично подготвени кожни исечоци кои микроскопски ги   прикажуваат  хистолошките карактеристики на одделни кожни заболувања, се супериорен  метод во дерматолошката дијагностика. Микроскопски се дијагностицираат и габичните заболувања  на кожата, со  нативен порепарат на влакна, нокти или лушпи  од кожни лезии. По потреба  може да се засади и култура

Криотерапија – терапија со течен азот

Криотерапија или терапија со течен азот е брз и бебебеден третман во лечење на кожни промени. Течен азот се применува за отстранување на голем број на бенигни и малигни лезии на кожата како што се: вирусните брадавици, генитални брадавици, некои форми на рак на кожа, келоиди, хипертрофична лузни, мали хемангиоми, соларни кератози, флеки… Терапијата се одвива во амбуланти услови од страна на дерматолог. Промените се отсрануваат засекогаш и не остануваат лузни.

Радиобранова терапија

Радиобранова терапија за безболно отстранување на папиломи, вирусни брадавици, цисти, старачки брадавици и други израстоци на кожа. Радиобрановата техника е брза, ефикасна, безбедна метода за отстранување на многу кожни промени која има предност пред другите методи затоа што има минималната ткивна деструкција, немакрварењебрза регенерација, нема ризик од инфекција бидејки RF ги вапоризираат бактериите.

Озонотерапија

ПРИЈАТЕЛ ВО НАДМИНУВАЊЕ НА МНОГУ СОСТОЈБИ ПОВРЗАНИ СО ЗДРАВЈЕТО

Секојдневните стресни ситуации, неизбежните настинки и инфекции кои ни следат во есенско-зимската сезона, придонесува за намалување на имунитетот, истоштеност на организмот и хроничен замор. За да ја надминеме оваа состојба едно од можните  решенија е методот на аплицирање на медицински озон во организмот, популарно наречено озонотерапија, кој истовремено од една страна го подига имунитетот, а од друга страна е директен уништувач на несаканите вируси и настинки.

Многубројните истражувања потврдија дека озонот го зголемува имунолошкиот систем и енергетскиот потенцијал на организмот од два до четири пати. Озонот има 15 пати поголемо дејство од кислородот. Тој е природен антибиотик и за многу кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Извонредно делува на нервниот систем, дава одлични резултати при подготовка на телото за ин витро процедура, го зголемува вниманието и го забрзува размислувањето.

 Она што го знаеме за здравствените придобивки на озонот, доаѓа од долгата историја која започнува во почетокот на 20 век. Во Првата светска војна, лекарите користеле озон како антисептик за стерилизирање на инструментите на теренот. Подоцна, луѓето почнаа да го користат озонот за многу повеќе цели. До денес, тој е тестиран и се користи терапевтски или како дополнителна терапија за женска и машки неплодност , за кожни заболувања, васкуларни заболувања, габични инфекции и многу повеќе.

Како го зголемува имунитетот

Крвотокот збогатен со озон ги активира клетките и преку циркулацијата му помага на организмот во остварувањето на своите функции.  Имунитетот се зголемува со директно активирање на леукоцитите, кои се стимулираат за борба против вирусите и бактериите, а во исто време се зголемува и нивниот број. На тој начин уште на самиот “ влез “ во организмот се уништуваат причинителите на болестите.

Озонотерапијата е најмоќниот стимулатор на имуниот систем. Благодарение на молекулот на озон, кој има многу реактивна улога и успева да ги разбуди природните сили на клетките преку активирање на системи успева да допре до сите клетки во организмот.

Каква е заштитата од вирусни и бактериски инфекции

Со терапија од 5  до 10 третмани, ќе ви се врати енергијата и концентрацијата. А доколку сте здрави, со само неколку третмани ќе ги превенирате вирусните и бактериските заболувања. Со регулирање на антиоксидативниот статус на организмот во борба против слободните радикали, се одложува процесот на стареење, и Ве оддржува здрави и витални.

Кај кои други заболувања помага

Озонотерапијата дава одлични резултати при подготовка за ин витро, помага при артериосклероза и стеснетите крвните садови, ги балансира мастите и шеќерите во организмот, помага кај херпеси и ХПВ инфекции, псоријаза и чиреви по кожа, го победува заморот, стресот, се подобрува концентрацијата и меморијата, го зголемува либидото, едноставно се добива сила…

Озон при ин витро процедура

Озонотерапијата при ин витро процедурите, помага пред да се земат јајце клетките за да созреат во поголем број и да бидат поквалитетни, а пред трансферот ја подобруваат приемливоста на матката за јајце клетките. Таа станува подебела, по прокрвена и спремна за оплодување. За жените кои се обидуваат да забременат, медицинската озонска терапија применета  во  сертифицирани клиники за озонска терапија нуди широк спектар на придобивки за зголемување на плодноста. Тука спаѓаат подобрувањата во циркулацијата, а тоа помага да се постигне баланс на хормоналните системи, јајниците и матката и  рамнотежата во телото, а особено во репродуктивниот систем.  Озонската терапија работи на стимулираното производство на бели крвни клетки, ослободувањето на токсините и штетните слободни радикали од телото,  подобрување на циркулацијата и детоксикација на сите фактори кои можат да и помогнат на жената во постигнување на успешна бременост, како што неколку основни научни студии го покажуваат тоа.

Оваа терапевтска техника е исто така корисна за спермата кај мажите, вклучувајќи подобрување на  бројот , морфологијата и нивната подвижност. Кога се користи како комплементарна терапија заедно со други третмани за неплодност, озонската терапија обезбедува голема корист и малку ако има недостатоци. Ние ја препорачуваме оваа алтернативна терапија како дел од холистичкиот пристап кон плодноста, комбинирана со ин витро процедура или со други методи на лекување.

RF – Радиобранова технологија

Oстранување на кожни промени:  

  • Вирусни брадавици
  • Кожни израстоци папиломи
  • Себореични веруки
  • Вирусни кондиломи на гениталии
  • Инцизија на гнојаници кај акни и др гнојаници по кожа
  • Инцизија на атероми
  • Мали ruby хеманогиоми

Предност (безбедно, брзо, минимална траума и брзо време на регенерација)









Предност (безбедно, брзо, минимална траума и брзо време на регенерација)

                                                                                      

Ласерско отстранување на тетоважи

Повеќе години наназад најуспешната технологија за отстранување на тетоважи  е ласер со Q-swich технологија.  Q-Switch ласерите се разликуваат од другите ласери бидејки имаат кратко време на траење на ласерскиот импулс и голема моќ. Времето на траење на ласерскиот зрак се мери во нано и пикосекунди, а кај останатите ласери во милисекунди т.е 6-9 пати подолго.

Тој го разбива пигментот со генерирање на зрак со висока енергија која се испорачува до кожата во наносекунди и која  многу селективно е разорна за мастилавиот пигмент а во исто време кожата не може да ја апсорбира па останува заштитена.  За потполно отстранување на тетоважа се прават неколку третмани од 4 до 10 во  зависност од површината што ја зафаќа тетоважата, типот на мастилото со кое што е изработена и временскиот период односно колку е стара тетоважата.

Ласерот за отстранување тетоважи е првиот и единствен професионален ласер за таа намена во нашата земја и успешно е стартувана работата со него. Првите искуства се многу позитивни, пациентите добро го поднесуваат третманот, кој не е болен и се забележуваат резултати и после првиот третман.  

Третмани за обликување на тело

Пакет третмани за нехируршко топење на масти, отстранување на целулит со најнова RF BTL Exilis технологија. Нова  технологија која што претставува револуционерно откритие во естетската дерматологија за третман на целулит, намалување на масни наслаги и обликување на тело, а намалување на синилото под очите.

Mезотерапија – инјекциона липолиза за намалување на обем и топење на вишокот масти. Мезотерапијата е ефикасен начин за отстранување на целилут. Целта на мезотерапијата е да се зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција  на активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и обнови кожата со што се губи изгледот на кожа како портокал и во исто време се врши липолиза на вишокот маснотии. Потребно е да се направат  неколку третмани во зависност од состојбата на пациентот. Третманите се прават на 10-14 дена, а ефектите се видливи уште по првиот третман.


Третман за корекција на стрии со ПРП (третман со сопствена плазма збогатена со тромбоцити). ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на човечки тромбоцити  во мала количина на плазма добиена од самиот пациент. Со третманот се корегираат стриите  преку исполнување на  празнината со нов колаген а тие тие стануваат плитки , тенки и неприметни. Тој е еден од ретките третмани за решавање на овој проблем и е особено успешен кога стриите се  црвени и свежо створени.

Трајно отстранување на влакна со Soprano Ice Platinum

Безбедно, брзо и најефикасно отстранување на влакна од сите регии на тело со најдобриот и моментално број 1 во светот Soprano Ice Platinum. Иновативна платформа во која што се интегрирани три ласерски технологии и најефикасната технологија за третирање на светлите влакна.
Со овој апарат третманот е супер брз, практично безболен, безбеден да се прави во секоја сезона и ефикасно ги отстранува влакната од сите регии на телото. Работи со емитирање на сноп светлина насочена кон кожата, притоа без да ја оштети кожата. Светлината е насочена кон пигментот на влакнестиот фоликул. Влакнесиот фоликул ја апсорбира ласерската енергија, го уништува коренот и оневозможува растење на нови влакна. Ефикасен е за сите типови на кожа.

Ласерска епилација

Ласерска епилација – единствен начин за трајно ослободување од несаканите влакна

Како да се ослободиме од несаканите влакна? Веројатно е едно од најчесто поставуваните прашања денес кај жените, а се почесто и кај мажите. Постојат повеќе решенија но сите тие се со краткотраен ефект, притоа процесот е болен, ја иритира кожата, и треба често да се повторува за кожата да биде без влакна. Единствено трајно решение за отстранување на несаканите влакна е трајната ласерска епилација со ласерот Soprano Ice Platinum, најдобриот и моментално број 1 во светот апарат за ласерска епилација. Иновативна платформа во која што се интегрирани трите најдобри ласерски технологии и најефикасната технологија за третирање на светлите влакна.

Со овој апарат третманот е супер брз, практично безболен, безбеден да се прави во секоја сезона, ефикасно ги отстранува влакната од сите регии на телото. Работи со емитирање на сноп светлина насочена кон кожата, притоа без да ја оштети кожата. Светлината е насочена кон пигментот на влакнестиот фоликул. Влакнесиот фоликул ја апсорбира ласерската енергија, го уништува коренот и оневозможува растење на нови влакна. Ефикасен е за сите типови на кожа.

Клинички студии укажуваат дека се потребни 4 до 6 третмани во интервал од 1 до 3 месеци за да се постигнат саканите резултати.

Кај мажите најбарани регии за отстранување на несаканите влакна се: јагодиците на лицето, вратот, рамењата, грбот и стомакот, додека пак кај жените: надусниците, брадата, подлактиците, пазувите, стомакот, препоните и нозете.

Несакани ефекти нема, затоа што ласерската глава има активно ладење и ја штити кожата од било какви можни оштетувања. Кај другите ласери кои немаат систем на ладење постои ризик од изгореници. Третманот со диодниот ласер треба да го изведуваат високопрофесионални и обучени лица, за да не настанат несакани последици

Трајното отстранување на влакна со ласер повеќе не е скап и недостапен третман, денес се препорачува да се направи трајна ласерска епилација од естетски, од практични, а и од здравствени причини, посебно кај мажите и спортистите. Имајте кристално мазна кожа без влакна.


ДЕРМАРОЛЕР – третман за подмладување

Дермаролер е ваљак прекриен со микроиглички, при третманот се прават нежни микроубоди во површниот слој на кожата кој предизвикува стимулација и продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни, и брчките на кожата.

Со помош на дермаролерот механички се стимулира кожата за исфрлање на оштетениот дел и создавање на нов колаген, поттикнување на факторот на раст, што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со него може да се третираат образите, брадата, челото, вратот и деколтето, со што кожата се регенерира и освежува. Можат да се отстранат брчките, се спречува предвремното стареење, се отстрануваат лузни од акни, се ублажуваат и отстрануваат стрии, се стимулира производството на колаген и еластин во кожата.

Ова е идеален третман за кожа со проширени пори и лузни од акни.Што се однесува до трајноста на резултатите, дури и ако веднаш по третманот се види подобрување, мора да се почека да поминат неколку недели колку што трае процесот на обновување на ќелиите. Се советува да се направат од 4 до 7 третмани, зависно од зоната, а периодот помеѓу третманите да биде околу три недели. 

Ласерски третмани – Clearlift, RF, Q-Switch, Dye laser

Mетодата која во светот популарно е наречена facelifting без скалпел е во суштина комбинација на ласерски третмани за затегање на лицето, корекција на подочњаците, отстранување на пигментни флеки, отстранување на проширени капилари, пополнување на пори на кожата на лицето, како и подобрување на ситни и средно изразените брчки.

Сето ова се постигнува со комбинирање на најновите ласери кои се хит во светот, а се користат во ординацијата ”Др. Анчевски”. Овие третмани Ве прават да блескате од свежина, кожата е подмладена и овој незаборавен впечаток трае во наредните месеци..

PRP (platelet rich plasma) плазма збогатена со тромбоцити

ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на  човечки тромбоцити во мала количина на плазма добиена  од самиот пациент. Оваа метода се изведува така што се  зема мала количина на крв која се става во посебна  епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со  специјални активатори на тромбоцити и се аплицира на  пациентот. 

Така подготвената плазмата е богата со матични  клетки и фактори на раст. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. Апликацијата на плазмата со тромбоцити која е со мезоигли е за кожата своеврсна микротраума која го поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. За време на зараснување доаѓаат многу клетки кои заедно со тромбоцитите кои се аплицират придонесуваат кожата на природен начин да се обнови. Тоа се постигнува преку матичнте клетки кои биваат активирани од аплицираните тромбоцити и кои доведуваат до образување на ново колагенско ткиво. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген.

 Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична и затегната. Предност на оваа метода е што таа е 100% природна а благодарение на кумулативниот ефект гарантира долготрајност на добиениот резултат. ПРП методата го забавува процесот на стареење, ја подмладува и регенерира кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, исто така е многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето ги корегира фините линии на ситни и средно изразени брчки, го зголемува волуменот на кожата преку стимулација на множество на нов колаген и фибрин.

Првите резултати се видливи после еден до два месеци од третманот кога што по потреба може да се направи и втора процедура. Безбеден е да се изведува во било која возраст неограничен број пати.

Нехируршки лифтинг со МЕЗОКОНЦИ

Еден од најновите светски лифтинг трендови, е нехируршко затегнување на кожата со примена на мезоконци со помош на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот кожен слој ја затега и подига опуштената кожа.

Постапката е кратка и се изведува со помош на микро иглички кои внатре го содржат мезо конецот, кој што после аплицирање останува во кожата а игличките се вадат. Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување.

Предноста на оваа метода е што се постигнуваат брзи и долготрајни резултати со ефект на подигање и затегање на опуштената кожа на лицето и вратот, со апсолутно помали финансиски трошоци од хируршкиот лифтинг.

МЕЗОТЕРАПИЈА – Мезолифт

Мезотерапијaта е примена на хијалуронска киселина, витамини,      антиоксиданти, колаген и сл. за подмладување на кожата на            лицето, вратот и деколтето. Целта на мезотерапијата е да се         зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема   концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција на   активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и         обнови кожата. 

По серија на третмани со мезотерапија, кожата на лицето се             измазнува, затегнува и ревитализира. Станува блескава и добива     соодветна хидрираност. Се нанесува на лицето, деколтето, вратот,   на рацете и телото. 

Мезотерапија со витамини и микроелементи.Со мезотерапијата може да се внесуваат мултивитамини како     што се Вит А, Вит. Б, Вит Е, хијалуронска к-на, есенцијални   аминои к-ни итн. Се користат готови форми или припремени   коктели. Неопходни се 4 до 6 процедури, кои се спроведуваат еднаш неделно. Дава одлични резултати кај млади жени и мажи, или како комбинирана терапија кај зрела кожа. 

Мезотерапија со хијалуронска киселина.Се користи за превенција од натамошно опуштање на кожата, за активна хидратација, затегнување и измазнување на кожата на лицето, вратот, деколтето, рацете. Хијалуронската киселина има мошне хидрирачка активност, една молекула киселина привлекува во подкожното ткиво 1000 молекули вода. Покрај тоа помага во процесот на колагенезата и биоревитализацијата. Како продукт преставува готова инјекциона форма од 1 мл раствор во облик на гел, кој што е доволен за апликација при една процедура на лицето. За подолготраен ефект, се препорачува да се направат 3 процедури за три месеци (по една процедура месечно) или ако е неопходен брз резултат, за 3 недели (по една процедура неделно). 

Колагенска мезотерапија. Колагенот се внесува во кожата по начин на мезотерапија или со апарат кој користи резонанса магнетофореза и притоа делува на колагенската мрежа и хидратацијата на кожата. Со напредувањето на возраста епидермисот се истенчува, со тоа и хидрираноста на кожата се намалува. Се намалува бројот на колагените и еластични влакна, кои што се важни за стабилната структура на кожата, за затегнатоста на кожата и појавата на брчки. Внесен во кожата по пат на инкектирање, механички го реструктуира ткивото и на тој начин ги измазнува брчките. Може да се користи кај млади жени како профилакса, додека кај зрела кожа за подобрување на структурата и затегнување на кожата. Препаратот се нанесува два пати неделно, во период од 4 до 5 недели, т.е. од 8 до 10 процедури. 

КРИСТАЛЕН ПИЛИНГ –Микродермоабразија

Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа полна митисери, чистење на кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.

После темелно чистење на лицето, со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако третираме поголема регија потребни се 30 минути. Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Една недела пред и после третманот да не се вршат други третмани особено да не се нанесуваат препарати со ретин А и алфа хидрокси-киселина (креми за хемиски пилинг). За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои 3-4 недели.

Третмани за ремоделирање на лице и врат Radiesse и Sculptrа

РАДИЕСЕ е идеален начин да се обнови изгубениот волумен на лицето. Со помош на филерот радиесе му посакувате добредојде на природниот колаген кој ќе ги измазни знаците на стареење. Единствената формулација на филерот радиесе е стимулиција за создавање на нов колаген што резултира со зголемен обем кој може да трае една година и повеќе. Благодарение на специјална гел-матрица резултатите се веднаш видливи.Нежните и длабоки брчки, шупливите и оштетени образи исчезнуваат враќајки ги природните контури.

Двојниот ефект овозможува моментално пополнување и последователно зголемување на волуменот кој се должи на еластична гел-матрица овозможувајки долготрајно дејство благодарејќи на стимулацијата на природниот колаген. Самиот гел, како и микросферите, се безбедни за организмот и воопшто не му штетат, притоа природно се разложуваат во телото со текот на времето.

СКУЛПТРА е долготраен, клинички докажан третман, кој стимулира создавање нов сопствен колаген и на тој начин може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчките на кожата, како и да се обнови и зголеми загубениот волумен на лицето што физиолошки настанува со процесот на стареење. 

Подобрувањето на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен, по што вашето лице добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат две години. Основната примена на скулптрата е за зголемување на обемот на опуштените области, особено за корекција на опуштеноста на кожата, коригирање на кожните вдлабнатини, фини линии и брчки настанати со стареење на кожата, како и на корекција на волуменот и на предзнаците на загуба на масното поткожно ткиво.

Филери

Дермалните филери се стерилни гелови од хијалуронска киселина кои се    инјектираат непосредно под површината на кожата со цел да се направи  корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата преку нивно пополнување. Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите.

Филерите, освен за коригирање на брчките, може да се користат и за зголемување на волуменот на усните и пополнување на јаболчниците со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младешки изглед.

Комбинација од различни филери се користат за постигнување на подобри резултати, поради што дерматологот соодветно на вашите желби, ќе ви понуди специфичен третман кој за секој клиент е индивидуален.

Постојат повеќе различни типови на дермални филери вклучувајќи хуман колаген, хијалуронска киселина, масно ткиво од донор или сопствено масно ткиво ( автологно масно ткиво).

Дермалените филери може да бидат привремени и трајни. Најчесто користен траен филер е силиконскиот. Привремените филери, постепено се абсорбираат од ткивото, најчесто за 3-9 месеци, по што потребно е повторно нивно аплицирање за оддржување на постигнатиот ефект. Дермалните филери може да се инјектираат во регии со фини линии и брчки на кожата на лицето.

Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите. Со филерите покрај корегирање на брчките може да се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младалачки изглед.

Исто така дермалните филери може да се користат и за корекција на посттрауматски лузни или лузни од акни.