Компјутеризирана дерматоскопија на бемки и други промени на кожа

Дерматоскопот е специјален микроскоп кој се користи за испитување на пигментирани лезии на кожата, со цел да се разликуваат меланоцитните од немеланоцитните пигментни лезии и да се одлучи дали пигментните лезии се малигни. Дерматоскопскиот дигитален дијагнотички метод е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени.

Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа. Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. После извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи европско прифатени класификации за анализа на истите. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период.