Третирање на габични инфекции на нокти со Q-switch

Ова е најновиот пристап во терапија на габични инфекции на нокти. Прецизно упатен ласерски зрак може да ја елиминира габичната инфекција без да го оштети околното ткиво на ноктот. Ласерскиот зрак работи на точно определена фреквенција и ги третира само оние клетки кои се одговорни за појавата на инфекцијата.

Ласерскиот третман не предизвикува здравствени проблеми, а пациентите не чуствуваат непријатност за време на третманот. Самиот третман трае околу десетина минути за третирање на ноктот од големиот прст. Се разбира доколку имате инфицирано неколку нокти третманот подолго ќе трае. Постои и добро познатиот начин на терапија со соодветна одбрани лекови кои ги препорачува лекар дерматолог.