Компјутерска дерматоскопија

Компјутеризирана дерматоскопија на бемки и други промени на кожа

При компјутерска дерматоскопија се користи специјален микроскоп кој се користи за испитување на пигментирани лезии на кожата, со цел да се разликуваат меланоцитните од немеланоцитните пигментни лезии и да се одлучи дали пигментните лезии се малигни. Дерматоскопскиот дигитален дијагнотички метод е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени.

Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа. Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. После извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи европско прифатени класификации за анализа на истите. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период.

Специјалистички прегледи

Со примена на најновите достигнувања и сознанија во дерматологијата се изведуваат специјалистичките прегледи, дијагностиката и терапијата на кожните заболувања. Постојаното, континуирано следење на најновите трендови во дерматологијата ни овозможува да бидеме водечка приватна специјализирана ординација во земјата.

Во ординацијата се применуваат современи постапки кои се спроведуваат со апарати од најпознатите светски фирми, единствени во Македонија. Последните добиени сознанија за биологијата на кожата, патолошко-анатомските процеси, современите етио-патогенетски и тераписки пристапи, применувајќи современи процедури дава одлична можност за добар тераписки исход. Успешноста се зголемува со комбинирана терапија.

Големиот број на задоволни пациенти се доказ за ексклузивниот пристап и излекувањето.