Ласерски третмани

Безбедно, брзо и најефикасно отстранување на влакна со Soprano Ice Platinum најдобриот и моментално број 1 во светот апарат за ласерска епилација. Иновативна платформа во која што се интегрирани 3 најдобри ласерски технологии, најефикасната технологија за третирање на светлите влакна.

• Идеално решение за освежување и затегнување на кожата на лицето и вратот со најнова технологија – Clearlift




Отстранување на капилари и венули со Nd-Yag

Корекција на лузни од акне со Erbium и Pixel

Отстранување на тетоважи со Q-switch

Отстранување на хиперпигментации со Dye laser и Q-switch (Nd Yag)


Отстранување на црвенило, проширени капилари и хемангиоми на лице и тело со Dye laser

Затегнување на кожа на лице и тело, топење на масти и целулит со Accent (монополарен, биполарен) и BTL Exilis

Третирање габични инфекции на нокти со Q-Switch

Ласерско третирање на: вирусни брадавици, келоиди, кератози, кондиломи, папиломи и сл.










Ласерско отстранување на тетоважи

Повеќе години наназад најуспешната технологија за отстранување на тетоважи  е ласер со Q-swich технологија.  Q-Switch ласерите се разликуваат од другите ласери бидејки имаат кратко време на траење на ласерскиот импулс и голема моќ. Времето на траење на ласерскиот зрак се мери во нано и пикосекунди, а кај останатите ласери во милисекунди т.е 6-9 пати подолго.

Тој го разбива пигментот со генерирање на зрак со висока енергија која се испорачува до кожата во наносекунди и која  многу селективно е разорна за мастилавиот пигмент а во исто време кожата не може да ја апсорбира па останува заштитена.  За потполно отстранување на тетоважа се прават неколку третмани од 4 до 10 во  зависност од површината што ја зафаќа тетоважата, типот на мастилото со кое што е изработена и временскиот период односно колку е стара тетоважата.

Ласерот за отстранување тетоважи е првиот и единствен професионален ласер за таа намена во нашата земја и успешно е стартувана работата со него. Првите искуства се многу позитивни, пациентите добро го поднесуваат третманот, кој не е болен и се забележуваат резултати и после првиот третман.  

За каква технологија станува збор и што се може да се коригира со неа?

–  Се работи за ласер ND-Yag соQswich технологија која повеќе години наназад е најуспешната технологија за отстранување на тетоважи. Тие го разбиваат пигментот со генерирање на зрак со висока енергија која се испорачува до кожата во наносекунди и која  многу селективно е разорна за мастилавиот пигмент а во исто време кожата не може да ја апсорбира па останува заштитена. Откако пигментот е разбиен на мали партикли лимфниот систем на кожата ги чисти и кожата е спремна за нов третман.

Ласерот најефикасно ги третира тетоважите во црна односно мастило боја додека на повеќе колоритните тетоважи е со лимитирани можности. Аматерските односно поплитките тетоважи се отстрануваат побрзо со помалку третмани а за подлабоките е потребно поголем број на третмани. Исто така крајниот ефект зависи од квалитетот на употребеното мастило и временскиот период односно пред колку време е изработена тетоважата. После секој третман се брише одредена површина на тетоважата сепак за крајниот ефект е потребно да се направат неколку третмани од 4 до 10 на растојание од еден месец за да се дозволи регенерација на кожата после третман со ласерот на која се забележуваат корки.  По препорака на лекар се препишуваат и регенеративни креми кои се аплицираат до следниот третман. Тетоважи кои содржат боја како жолта или црвена се работат со уште понова технологија  со пикосекунден ласер кој е промовиран пред некоја година и се уште се градат искуствата од него. Цената за отстранување зависи од површината што ја зафаќа тетоважата односно од бројот на третмани кој што се определува во зависност од површината, типот на мастилото со кое што е изработена и временскиот период односно колку е стара тетоважата.

Ординација д-р Анчевски ќе продолжи и во иднина да се грижи за здравјето и убавината на кожата и на своите клиенти и пациенти да им овозможи пристап до сите иновативни третмани од полето на естетиката и дерматологијата.

Ласерски третмани – Clearlift, RF, Q-Switch, Dye laser

Mетодата која во светот популарно е наречена facelifting без скалпел е во суштина комбинација на ласерски третмани за затегање на лицето, корекција на подочњаците, отстранување на пигментни флеки, отстранување на проширени капилари, пополнување на пори на кожата на лицето, како и подобрување на ситни и средно изразените брчки.

Сето ова се постигнува со комбинирање на најновите ласери кои се хит во светот, а се користат во ординацијата ”Др. Анчевски”. Овие третмани Ве прават да блескате од свежина, кожата е подмладена и овој незаборавен впечаток трае во наредните месеци..