PRX T33 пилинг

PRX-T33 е неинванзивен, совршен пилинг за биоревитализација на кожата, кој се разликува од останатите хемиски пилинзи по тоа што не предизвикува луштење на кожата, нема фотосензибилизација и може да се прави во сите сезони, дури и во лето.

PRX-T33 e комбинација од 33% трихлороцетна киселина и водороден пероксид и благодарение на оваа формула тој успева да пенетрира длабоко во кожата и да стимулира регенерација и стимулација на продукцијата на колаген, без притоа да направи површинска иритација на кожата, односно лупење и црвенило кое е карактеритично за другите хемиски пилинзи.

Кој е ефектот од PRX ?

Со неговата примена се постигнува затегнување и рејувенација на кожата, инстантен сјај и измазнување на фините линии, брчки на кожата. Покрај неговиот anti-age ефект се користи и кај одредени медицински состојби на кожата како: лузни од акне, стрии, хиперпигментации односно флеки, пеѓи и длабинско чистење на порите на лицето и комедоните.  Третманот го стимулира растот на фибробластите во кожата и синтезата на колаген, а истовремено има и антиинфламаторно дејство, ги уништува патогените бактерии кои предизвикуваат акни и ја зголемува еластичноста на дермисот.

Ефектот е видлив после првиот третман, а по серија на третмани кожата се измазнува, се ревитализира, станува блескава и добива соодветна хидрираност.

Колку време трае третманот и колку третмани се препорачува да се направат ?

Третманот трае од 20-40 минути и покрај неговата класична апликација на лицева регија може да се користи и на тело, зависно од потребите. Се препорачува да се напрват 3 третмани на растојание од 1 месец, додека кај одредени индикации се прават и повеќе третмани, до постигнување на посакуваниот ефект.  Апсолутно безболна метода без несакани алергиски реакции, иритации и изгореници, по што веднаш можете да се вратите на секојдневните обврски.

Може да се извадува самостално и во комбинација со други естетски процедури како дермални филери, мезотерапија, радиобранови и ласерски третмани.

Кај кого може да се изведува ?

 Може да се употребува кај сите типови на кожа, на сите возрасти и во сите годишни времиња, што исто така го издвојува од останатите пилинзи кои се изведуваат единствено за време на зимските месеци.

JET PEEL

Прва и единствена неинвазивна бјути технологија за трансформација на Вашата кожа

Што претставува JET PEEL?

JET PEEL претставува иновативен повеќечекорен третман за лице и тело кој ги спојува бенефитите на целосно природна хидродермоабразија, хемиски пилинг, автоматска безболна екстракција и нежна инфузија на различни нутриенти и анти ејџинг компоненти длабоко во дермот каде се одвиваат процесите на регенерација на кожата. Тој претставувава прва и единствена неинвазивна бјути технологија во светот која во целост го менува лицето на естетските третмани.

На кој принцип на работа се базира JET PEEL?

JET PEEL третманот се базира на ексклузивна Jet технологија, одобрена од страна на FDA, која го комбинира кислородот со различни течности во специјално патентирани канили со цел да генерира тенки јет млазови од микро капки кои движејќи се со субсонична брзина од над 200м/сек и под голем притисок навлегуваат во дермот на длабочина до 4.5мм. На овој начин со многу моќен но сепак нежен млаз се врши ексфолијација на површинските слоеви на клетки без иритација на кожата, а потоа без игла се постигнува трансдермална инфузија на различни супстанции потребни за процесите на регенерација на кожата.

Како се изведува третманот?

Третманот се состои од 4 последователни чекори кои се изведуваат со различни масажни движења мошне комфорни за клиентот:

  1. Лимфна дренажа – релаксирачка масажа со која се врши детоксикација и оксигенација на кожата, се подобрува циркулацијата и се стимулира лимфната дренажа.
  2. Хидрадермоабразија – со која со помош на различни киселини со различна концентрација се отстрануваат површинските мртви клетки и се припрема кожата за примање на потхранувачките состојки во наредната фаза без притоа да биде иритирана.
  3. Хидропорација – овозможува ефикасна и длабока достава на активни состојки во дермот во форма на различни биоактивни компоненти како хијалуронска киселина, биопептиди, растителни матични клетки, витамини, миорелаксанти, избелувачки комплекси, антивоспалителни супстанции, супстанции кои намалуваат потење, супстанции кои стопираат опаѓање и потикнуваат раст на коса и други.

Бустер инфузија – за зголемување на ефектот со витамини и хијалуронска киселина.

За кого се препорачува овој третман?

JET PEEL е погоден за сите оние кои сакаат да ја подмладат и освежат својата кожа, особено за лицата кои од различни причини сакаат да ги избегнат третманите со игла. Се препорачува кај сите типови на кожа и за третман на различни состојби на кожата на лицето и телото како:

  1. Анти ејџинг третмани за подмладување и регенерација на кожата
  2. Затегнување на кожата
  3. Измазнување на брчки
  4. Интензивна хидратација на сува кожа
  5. Намалување и отстранување на хиперпигментации
  6. Третман на акни и црнки
  7. Третман на осетлива кожа и кожа со розацеа
  8. Третман на лузни
  9. Намалување на пори
  10. Третмани за намалување на опаѓање на косата и стимулација на нејзин раст
  11. Намалување на потење
  12. Обнова на фотооштетена кожа
  13. Корекција на темни кругови и отоци под очите
  14. Подобрување на циркулација и лимфна дренажа

Третманот не се препорачува кај бремени и доилки поради можна ресорпција на некои од состојките во серумите, кај лица кои во блиско време биле третирани од карцином, лица со херпетични и други воспалителни промени на кожата како и оние со тешка форма на акни и се на терапија со Роакутан.

Што се постигнува со третманот?

Со JET PEEL третманот се постигнува интензивна хидратација на кожата што веднаш дава зголемен волумен, сјај, измазнети тенки и подлабоки брчки, намалено црвенило, намалена појава на акни и избелување на флеките. Порите се затвараат, тенот се изедначува а кожата е мека со измазнета текстура и младешки изглед. Резултатите се веднаш видливи, а со повторување на третманите и долготраечки. Тие не завршуваат со завршување на третманот бидејќи клеточната обнова продолжува да се случува во наредниот период. Третманот може да се изведе и директно пред специјален настан бидејќи дава преубава свежина и сјај на кожата.

ДЕРМАРОЛЕР – третман за подмладување

Дермаролер е ваљак прекриен со микроиглички, при третманот се прават нежни микроубоди во површниот слој на кожата кој предизвикува стимулација и продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни, и брчките на кожата.

Со помош на дермаролерот механички се стимулира кожата за исфрлање на оштетениот дел и создавање на нов колаген, поттикнување на факторот на раст, што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со него може да се третираат образите, брадата, челото, вратот и деколтето, со што кожата се регенерира и освежува. Можат да се отстранат брчките, се спречува предвремното стареење, се отстрануваат лузни од акни, се ублажуваат и отстрануваат стрии, се стимулира производството на колаген и еластин во кожата.

Ова е идеален третман за кожа со проширени пори и лузни од акни.Што се однесува до трајноста на резултатите, дури и ако веднаш по третманот се види подобрување, мора да се почека да поминат неколку недели колку што трае процесот на обновување на ќелиите. Се советува да се направат од 4 до 7 третмани, зависно од зоната, а периодот помеѓу третманите да биде околу три недели. 

Ласерски третмани – Clearlift, RF, Q-Switch, Dye laser

Mетодата која во светот популарно е наречена facelifting без скалпел е во суштина комбинација на ласерски третмани за затегање на лицето, корекција на подочњаците, отстранување на пигментни флеки, отстранување на проширени капилари, пополнување на пори на кожата на лицето, како и подобрување на ситни и средно изразените брчки.

Сето ова се постигнува со комбинирање на најновите ласери кои се хит во светот, а се користат во ординацијата ”Др. Анчевски”. Овие третмани Ве прават да блескате од свежина, кожата е подмладена и овој незаборавен впечаток трае во наредните месеци..

PRP (platelet rich plasma) плазма збогатена со тромбоцити

ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на  човечки тромбоцити во мала количина на плазма добиена  од самиот пациент. Оваа метода се изведува така што се  зема мала количина на крв која се става во посебна  епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со  специјални активатори на тромбоцити и се аплицира на  пациентот. 

Така подготвената плазмата е богата со матични  клетки и фактори на раст. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. Апликацијата на плазмата со тромбоцити која е со мезоигли е за кожата своеврсна микротраума која го поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. За време на зараснување доаѓаат многу клетки кои заедно со тромбоцитите кои се аплицират придонесуваат кожата на природен начин да се обнови. Тоа се постигнува преку матичнте клетки кои биваат активирани од аплицираните тромбоцити и кои доведуваат до образување на ново колагенско ткиво. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген.

 Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична и затегната. Предност на оваа метода е што таа е 100% природна а благодарение на кумулативниот ефект гарантира долготрајност на добиениот резултат. ПРП методата го забавува процесот на стареење, ја подмладува и регенерира кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, исто така е многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето ги корегира фините линии на ситни и средно изразени брчки, го зголемува волуменот на кожата преку стимулација на множество на нов колаген и фибрин.

Првите резултати се видливи после еден до два месеци од третманот кога што по потреба може да се направи и втора процедура. Безбеден е да се изведува во било која возраст неограничен број пати.

Нехируршки лифтинг со МЕЗОКОНЦИ

Еден од најновите светски лифтинг трендови, е нехируршко затегнување на кожата со примена на мезоконци со помош на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот кожен слој ја затега и подига опуштената кожа.

Постапката е кратка и се изведува со помош на микро иглички кои внатре го содржат мезо конецот, кој што после аплицирање останува во кожата а игличките се вадат. Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување.

Предноста на оваа метода е што се постигнуваат брзи и долготрајни резултати со ефект на подигање и затегање на опуштената кожа на лицето и вратот, со апсолутно помали финансиски трошоци од хируршкиот лифтинг.

МЕЗОТЕРАПИЈА – Мезолифт

Мезотерапијaта е примена на хијалуронска киселина, витамини,      антиоксиданти, колаген и сл. за подмладување на кожата на            лицето, вратот и деколтето. Целта на мезотерапијата е да се         зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема   концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција на   активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и         обнови кожата. 

По серија на третмани со мезотерапија, кожата на лицето се             измазнува, затегнува и ревитализира. Станува блескава и добива     соодветна хидрираност. Се нанесува на лицето, деколтето, вратот,   на рацете и телото. 

Во зависност од составот таа може да биде со витамини и микроелементи, колагенска, со хијалурон или комбинирана. Најново во Ординација д-р Анчевски е мезотерапија за топење на масно ткиво на лице и ДНА мезотерапија за репарација на лузни од акни на лице.

Од особена важност е индивидуално да се пристапува кон секој пациент и во зависност од неговата потреба се применуваат различни коктели.

 Мезотерапија со витамини и микроелементи

Со мезотерапијата може да се внесуваат мултивитамини како што се Вит А, Вит. Б, Вит Е, хијалуронска к-на, есенцијални аминои к-ни итн. Се користат готови форми  или припремени коктели. Неопходни се 4 до 6 процедури, кои се спроведуваат еднаш неделно. Дава одлични резултати кај помлади жени и мажи, или како комбинирана терапија кај зрела кожа.

Мезотерапија со хијалуронска киселина  

Се користи за превенција од натамошно опуштање на кожата, за активна хидратација, затегнување и измазнување на кожата на лицето, вратот, деколтето, рацете. Хијалуронската киселина има мошне хидрирачка активност, една молекула киселина привлекува во подкожното ткиво 1000 молекули вода. Покрај тоа помага во процесот на колагенезата и биоревитализацијата. Како продукт преставува готова инјекциона форма од 1 мл раствор во облик на гел, кој што е доволен за апликација при една процедура на лицето. За подолготраен ефект, се препорачува да се направат 3 процедури за три месеци (по една процедура месечно) или ако е неопходен побрз резултат се прави 1 процедура на 10 дена.

Колагенска мезотерапија

Со напредувањето на возраста епидермисот се истенчува, со тоа и хидрираноста на кожата се намалува. Се намалува бројот на колагените и еластични влакна, кои што се важни за стабилната структура на кожата, за затегнатоста на кожата и појавата на брчки. Внесен во кожата по пат на инкектирање, механички го реструктуира ткивото и на тој начин ги измазнува брчките. Може да се користи кај млади жени како профилакса, додека кај зрела кожа за подобрување на структурата и затегнување на кожата. Препаратот се нанесува два пати неделно, во период од 4 до 5 недели.

DNA PEPT-HA – третман за регенерација на лузни и брчки

Со третманот се врши реконструкција на кожата и обновување на сврзното ткиво, за регенерација на лузни и брчки на лице. Ја забрзува регенерацијата на кожата, ја поправа клеточната ДНК и ја зголемува цврстината и густината на кожата.

Се прават 4 третмани на растојание од 1-2 недели а потоа на 21 ден за оддржување.

FACE NADE – третман за намалување на локализирано масно ткиво на лице

Производ за конутрирање на лице специјално за намалување на локализираното масно ткиво на лицето (како масни перничиња под очи, по должина на вилица). Стимулира липолиза на масни клетки, инхибира липогенеза, ја подобрува лимфната дренажа и ја зајакнува структурата на кожата. Понежен е од другите раствори за липолиза на масно ткиво.

Се прават 4 третмани на растојание од 1-2 недели а потоа на 21 ден за оддржување.

КРИСТАЛЕН ПИЛИНГ –Микродермоабразија

Со својата високо специјализирана градба и функција кожата овозможува заштита на целото тело од надворешни фактори и дава голем придонес во одржувањето на хомеостаза на целиот организам. Кожата е повеќе слоен орган составен од три слоја : епидермис, дермис и хиподермис.

Најповршинскиот дел од кожата епидермисот е делот кој континуирано се обновува, каратенизира, десквамира, се одлупува и отпаѓа од кожата. Со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа го посочуваме третманот со микродермоабразија односно кристсален пилинг. Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој.

Што се постигнува со кристален пилинг?

Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

За кои состојби се применува микродермоабразија?

Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа полна митисери, чистење на кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.

Опис на третманот

После темелно чистење на лицето, со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако третираме поголема регија потребни се 30 минути. Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Една недела пред и после третманот да не се вршат други третмани особено да не се нанесуваат препарати со ретин А и алфа хидрокси-киселина (креми за хемиски пилинг).  За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои 3-4 недели.

Дали кај третманот со микродермоабразија постојат несакани ефекти?

Единствен несакан ефект е лесно црвенило (еритем) кој за неколку часа по третманот исчезнува. За време на третманот се чусвствува благо гребење на кожата кое се јавува како резултат на допир на кристалите со кожата.

Третмани за освежување, чистење и одржување на кожата на лицето

Хемиски пилинг

Дерматолозите користат различни тераписки модалитети за да ја подобрат структурата на кожата, да изгледа понегувано, посвежо и поздраво. Еден од тие третмани е и хемискиот пилинг.

Што претставува хемискиот пилинг?

Хемискиот пилинг претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде суперфицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користиме, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој го употребуваме.

Како дејствува?

Хемискиот пилинг се изведува со нанесување на хемиска супстанција на кожата која предизвикува контролирано оштетување на површинските слоеви на клетките и нивна ексфолијација односно лупење. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот. Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронската киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.

Изборот на хемиската супстанција која ќе се употреби при хемискиот пилинг зависи од состојбата на лицето и она што сакаме да постигнеме. Најчесто се употребуваат пилинзи со:

  1. Алфа-хидрокси киселини(АXA) како гликолна, млечна, манделична, цитрична и тартарична киселина, кој е најблагиот хемиски пилинг погоден за третман на фини линии, сува рапава кожа, хиперпигментации и акни кај сите типови кожа.
  2. Бета-хидрокси киселини(БXA) како салицилната киселина која подлабоко навлегува во порите од АXA киселините и е погоден за третман на масна кожа и кожа со акни.
  3. Jassner пилинг кој е комбинација од 14% салицилна киселина, млечна киселина и резорцинол во база од етанол и е одличен за рејувенација на кожата.
  4. Пилинг со ретиноична киселина кој е погоден за третман на лузни, брчки и пигментни флеки.
  5. Трихлороцетна киселина која се користи како средно длабок или длабок пилинг во концентрација од 20-50%. Таа е одлична во третманите на лузни, брчки и хиперпигментации.

Каде се применува?

Хемискиот пилинг преку ексфолијација на клетки и стимулација на создавање на колаген и еластин го подобрува изгледот на кожата и нејзината структура. Тој е ефективен при решавање на кожни проблеми како што се:

  • хиперпигментации,
  • лузни,
  • акни,
  •  тенки и средно длабоки брчки,
  •  оштетувања на кожата предизвикани од сонце.

Тој може да биде суперфицијален (површински),  средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користиме,  нејзината концентрација, времето на дејствување и   секако проблемот за кој го употребуваме.

Третманот трае 30-45 минути и треба да го изведува обучен специјалист дерматолог. Пациентот за време на третманот чувствува жарење и топлина која за кратко време поминува. Регенерацијата на кожата трае од 2-3 дена кај суперфицијалниот (површинскиот), 5 до 7 дена кај средно длабокиот пилинг.

После третманот се препорачува користење на високо хидрирачки регенеративни креми и креми со заштитен фактор СПФ 30+ поради зголемената чувствителност на новонастанатата кожа. Затоа најдобар период од годината за примена на овој медицински третман е периодот касна есен-зима-рана пролет кога и сончевото зрачење не е многу големо.

Третмани за ремоделирање на лице и врат Radiesse и Sculptrа

РАДИЕСЕ е идеален начин да се обнови изгубениот волумен на лицето. Со помош на филерот радиесе му посакувате добредојде на природниот колаген кој ќе ги измазни знаците на стареење. Единствената формулација на филерот радиесе е стимулиција за создавање на нов колаген што резултира со зголемен обем кој може да трае една година и повеќе. Благодарение на специјална гел-матрица резултатите се веднаш видливи.Нежните и длабоки брчки, шупливите и оштетени образи исчезнуваат враќајки ги природните контури.

Двојниот ефект овозможува моментално пополнување и последователно зголемување на волуменот кој се должи на еластична гел-матрица овозможувајки долготрајно дејство благодарејќи на стимулацијата на природниот колаген. Самиот гел, како и микросферите, се безбедни за организмот и воопшто не му штетат, притоа природно се разложуваат во телото со текот на времето.

СКУЛПТРА е долготраен, клинички докажан третман, кој стимулира создавање нов сопствен колаген и на тој начин може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчките на кожата, како и да се обнови и зголеми загубениот волумен на лицето што физиолошки настанува со процесот на стареење. 

Подобрувањето на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен, по што вашето лице добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат две години. Основната примена на скулптрата е за зголемување на обемот на опуштените области, особено за корекција на опуштеноста на кожата, коригирање на кожните вдлабнатини, фини линии и брчки настанати со стареење на кожата, како и на корекција на волуменот и на предзнаците на загуба на масното поткожно ткиво.

Филери

Дермалните филери се стерилни гелови од хијалуронска киселина кои се    инјектираат непосредно под површината на кожата со цел да се направи  корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата преку нивно пополнување. Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите.

Филерите, освен за коригирање на брчките, може да се користат и за зголемување на волуменот на усните и пополнување на јаболчниците со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младешки изглед.

Комбинација од различни филери се користат за постигнување на подобри резултати, поради што дерматологот соодветно на вашите желби, ќе ви понуди специфичен третман кој за секој клиент е индивидуален.

Постојат повеќе различни типови на дермални филери вклучувајќи хуман колаген, хијалуронска киселина, масно ткиво од донор или сопствено масно ткиво ( автологно масно ткиво).

Дермалените филери може да бидат привремени и трајни. Најчесто користен траен филер е силиконскиот. Привремените филери, постепено се абсорбираат од ткивото, најчесто за 3-9 месеци, по што потребно е повторно нивно аплицирање за оддржување на постигнатиот ефект. Дермалните филери може да се инјектираат во регии со фини линии и брчки на кожата на лицето.

Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите. Со филерите покрај корегирање на брчките може да се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младалачки изглед.

Исто така дермалните филери може да се користат и за корекција на посттрауматски лузни или лузни од акни.

Botox – Ботокс

Корекција на брчки со ботокс

До пред неколку години зборот ботокс тивко се кажуваше. Околу неговата апликација сеуште има мистерија и многу митови кај нас, иако во светот се работи многу години, со воодушевување е прифатен и нема многу непознатици околу неговата ефикасност и безбедност. Ботоксот е еден од најприфатливите неинвазивни третмани во естетската дерматологија а го користат повеќе милиони луѓе.

Што е ботокс?

Ботокс е прочистен протеин кој доаѓа од бактеријата Clostridium Botulinum. Тоа е нехируршки третман администриран од дерматолог кој што може привремено да ги редуцира средно тешките и тешките облици на брчки во лицевата регија а се употребува и при треман на хиперхидроза односно прекумерно потење. Ботулинскиот токсин го блокира нервниот импулс кој доведува до контракција на мускулите, што пак доведува до негова релаксација, а кожата има посвеж изглед и ефект на затегнатост.

Ботоксот е болна процедура?!

Ботоксот се аплицира со многу мали и претенки специјано дизајнирани инјекции во делот на каде што е потребно. Нема потреба од анестезија бидејќи процедурата скоро и да нема да ја осетите. Доколку сепак сте хипер осетлива особа може да побарате апликација на крем за локална анестезија.

Ботокс предизвикува замрзнато лице без лицева експресија?!

Меѓу мускулите на лицето постои хармонична рамнотежа. Ако премногу се вбризгува ботокс, може да се предизвика и ваков ефект. Сепак доколку лекар специјалист го прави овој третман ќе внимава да инјектирa мали дози во одредени мускули a ефектот ќе биде  природно ублажување на несаканите линии и брчки без да се загрози вашиот израз на лицето.

Секој може да администрира ботокс?!

Ботокс треба да се дава единствено од страна на искусни  специјалисти,  дерматолози и секако да биде аплициран во медицинска установа.

Ботоксот е отров и може да биде штетен за козметички употреба?!

Ботоксот се добива од бактерија која го излачува како отров. Тоа е, всушност, лекарски препишан производ. Исто така е еден од најшироко истражуваните лекови во светот и милиони пациенти го користат во медицински цели како терапија за мигрена, за асиметрии на лицето како и за терапија против прекумерно потење под пазуви, дланки и табани. Покрај тоа, производот е дозволено да се ракува само од страна на обучени специјалисти. Во микро количини, ботулински токсин тип А обезбедува добри резултати за измазнување на линиите на лицето, хиперхидроза итн. a има FDA одобрување од американската асоцијација за лекови и процедури.

Запирање на администрирање ботокс предизвикува влошување на брчките?!

Ботокс ефектите може да траат  четири до шест месеци. Кога дејството на лекот ќе исчезне, Вашето лице се враќа во состојбата пред третманот а брчките се поплитки и после неколку годишно аплицирање лицето изгледа подобро.

Ботоксот не е за мажи ?!

Мажите се индивидуи со истиот број и позиција на мускули како и жени и формираат брчки на ист начин. Бројот на мажи кои аплицираат ботокс е голем и постојано расте.

Креми или ботокс?!

Кремите достапни на пазарот за мазнење брчки и линии предизвикани од муртење се површински креми и се аплицирараат на површината, надворешно. Но со ботоксот се делува на мускулите кои се наоѓаат во внатрешните слоеви и кои всушност се одговорни за формирањето на брчките. Ботоксот делува во насока на релаксација на мускулите и прави кожата да изгледа мазно. Ефектот од кремите према тој од ботоксот нема споредба.