Со својата високо специјализирана градба и функција кожата овозможува заштита на целото тело од надворешни фактори и дава голем придонес во одржувањето на хомеостаза на целиот организам. Кожата е повеќе слоен орган составен од три слоја : епидермис, дермис и хиподермис.
Најповршинскиот дел од кожата епидермисот е делот кој континуирано се обновува, каратенизира, десквамира, се одлупува и отпаѓа од кожата. Со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа го посочуваме третманот со микродермоабразија односно кристсален пилинг. Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој.
Што се постигнува со кристален пилинг?
Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.
За кои состојби се применува микродермоабразија?
Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.
Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа полна митисери, чистење на кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.
Опис на третманот
После темелно чистење на лицето, со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако третираме поголема регија потребни се 30 минути. Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Една недела пред и после третманот да не се вршат други третмани особено да не се нанесуваат препарати со ретин А и алфа хидрокси-киселина (креми за хемиски пилинг). За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои 3-4 недели.
Дали кај третманот со микродермоабразија постојат несакани ефекти?
Единствен несакан ефект е лесно црвенило (еритем) кој за неколку часа по третманот исчезнува. За време на третманот се чусвствува благо гребење на кожата кое се јавува како резултат на допир на кристалите со кожата.