МЕЗОТЕРАПИЈА – Мезолифт

Мезотерапијaта е примена на хијалуронска киселина, витамини,      антиоксиданти, колаген и сл. за подмладување на кожата на            лицето, вратот и деколтето. Целта на мезотерапијата е да се         зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема   концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција на   активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и         обнови кожата. 

По серија на третмани со мезотерапија, кожата на лицето се             измазнува, затегнува и ревитализира. Станува блескава и добива     соодветна хидрираност. Се нанесува на лицето, деколтето, вратот,   на рацете и телото. 

Во зависност од составот таа може да биде со витамини и микроелементи, колагенска, со хијалурон или комбинирана. Најново во Ординација д-р Анчевски е мезотерапија за топење на масно ткиво на лице и ДНА мезотерапија за репарација на лузни од акни на лице.

Од особена важност е индивидуално да се пристапува кон секој пациент и во зависност од неговата потреба се применуваат различни коктели.

 Мезотерапија со витамини и микроелементи

Со мезотерапијата може да се внесуваат мултивитамини како што се Вит А, Вит. Б, Вит Е, хијалуронска к-на, есенцијални аминои к-ни итн. Се користат готови форми  или припремени коктели. Неопходни се 4 до 6 процедури, кои се спроведуваат еднаш неделно. Дава одлични резултати кај помлади жени и мажи, или како комбинирана терапија кај зрела кожа.

Мезотерапија со хијалуронска киселина  

Се користи за превенција од натамошно опуштање на кожата, за активна хидратација, затегнување и измазнување на кожата на лицето, вратот, деколтето, рацете. Хијалуронската киселина има мошне хидрирачка активност, една молекула киселина привлекува во подкожното ткиво 1000 молекули вода. Покрај тоа помага во процесот на колагенезата и биоревитализацијата. Како продукт преставува готова инјекциона форма од 1 мл раствор во облик на гел, кој што е доволен за апликација при една процедура на лицето. За подолготраен ефект, се препорачува да се направат 3 процедури за три месеци (по една процедура месечно) или ако е неопходен побрз резултат се прави 1 процедура на 10 дена.

Колагенска мезотерапија

Со напредувањето на возраста епидермисот се истенчува, со тоа и хидрираноста на кожата се намалува. Се намалува бројот на колагените и еластични влакна, кои што се важни за стабилната структура на кожата, за затегнатоста на кожата и појавата на брчки. Внесен во кожата по пат на инкектирање, механички го реструктуира ткивото и на тој начин ги измазнува брчките. Може да се користи кај млади жени како профилакса, додека кај зрела кожа за подобрување на структурата и затегнување на кожата. Препаратот се нанесува два пати неделно, во период од 4 до 5 недели.

DNA PEPT-HA – третман за регенерација на лузни и брчки

Со третманот се врши реконструкција на кожата и обновување на сврзното ткиво, за регенерација на лузни и брчки на лице. Ја забрзува регенерацијата на кожата, ја поправа клеточната ДНК и ја зголемува цврстината и густината на кожата.

Се прават 4 третмани на растојание од 1-2 недели а потоа на 21 ден за оддржување.

FACE NADE – третман за намалување на локализирано масно ткиво на лице

Производ за конутрирање на лице специјално за намалување на локализираното масно ткиво на лицето (како масни перничиња под очи, по должина на вилица). Стимулира липолиза на масни клетки, инхибира липогенеза, ја подобрува лимфната дренажа и ја зајакнува структурата на кожата. Понежен е од другите раствори за липолиза на масно ткиво.

Се прават 4 третмани на растојание од 1-2 недели а потоа на 21 ден за оддржување.