Хиперхидроза

Хиперхидроза е екстремно, екцесивно потење, кое е независно од климата, сезоната или физичката активност. Со проблемот хиперхидроза е зафатена 2-3% од популацијата и тоа 50% се манифестира на стапалата и дланките, 40% во пазувите и 10% на лицето особено на челото. Физиолошки најчесто се јавува во случај на адипозитет ( прекумерена телесна тежина), менопауза кај жените, аклиматизација и прекумерена активност на симпатичкиот нервен систем.

Како може да помогне Ботокс третманот

Ботокс неуротоксин третманот помага во контролирањето на симптомите од екцесивно потење кога вообичаените медицински помагала не покажуваат особен перформанс – на тој начин што времено ги блокира хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува. Се очекува дека ботокс инекциите времено ќе го запрат продуцирањето на пот само во третираните области. Потта останува да се произведува на сите други нетретирани места.

Вашата пот не оди никаде и не се задржува внатре, едноставно потта не се продуцира повеќе во третираните области со помош на Ботокс. Запомнете дека остатокот од вашето тело може слободно и на нормален начин да ја произведува вообичаената влажност. Самата процедура трае од 10 до 15 минути е релативно вообичаена. Мала количина на Ботокс разреден се инјектира плитко во третираната пазува преку многу тенка игла.

Ботокс третманот трае 8 месеци. Симптомите постепено ќе се вратат, тогаш пациентот ќе знае дали е време за повторен третман. Треба да се одреди стратегија на третирање во зависност од потребите на пациентот и можните резултати од самиот ботокс третман.

Доколку се одлучите да не продолжите со понатамошен третман, потењето постепено ќе се врати на својата пред-третирана состојба. Ефектите од Ботокс третманот постепено исто така ќе исчезнат и вашиот вообичаен начин на потење во целост ќе се врати


Акни

Лекување и третман на акни и лузни од акни

Што треба да знаете за акните

Акне е најчесто заболување на кожата кое ги зафака  85% од адолесцентите.  Акните не влијаат директно на здравствената состојба на пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија. Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување. 

Која е причината за појава на акни?

Делуваат повеќе  причинители едновремено  за појава на акни. Некои од  нив се следниве :

–   Гените кои ги наследуваме играат најголема улога дали една особа ќе развие акни или не;

–  Во период на пубертетот се поврзуваат со сеште нерегулираната хормонална активност;

–  Зачепување на изводните канали на лојните жлезди ;

– Зголемено размножување на бактериите (Propionibacterium acnes) нормално присутни во кожата што  доведува до формирање на гнојната бубулица.

Каде се локализирани акните?

Акните се локализирани на кожата на лицето, грбот и градите .  Може да се појават во еден од следниве облици :

–  Комедони (митисери) или познати како црнки или белки;

–  Папули (воспалени црвеникави мозолчиња);

–  Пустули (гнојаници) исполнети се со гној;

–  Tешки облици на акни  –  односно чворести промени кои оставаат големи и длабоки лузни

Лекување на акни

Лекувањето на акните мора да биде спроведено на време, индивидуално прилагодено и спроведено од стручно лице.

– Лечењето може да биде локално (лекови кои се мачкаат на кожата во облик на  гелови и креми) и системски (во облик на таблета и капсули). Кај сите облици на акни секогаш е добредојденa употребата на медицинска козметичка линија препорачана од дерматолог .

– Постојат современи технологии и процедури кои го подобруваат и убрзуваат лекувањето на акните, а се користат во ординација д-р Анчевски . Некои од најефектните третмани за акне кои се безбедни и приспособени за секоја возраст се: кристалниот пилинг или микродермоабразија, хемиски пилинг , радиобранови, ласерски третмани и фотодинамска терапија.  Овие третмани го чистат лицето од постоечките митесери и акни,  од  површинскиот слој на маст и мртви клетки, ги отвораат порите и  се одложува можноста за создавање нови акни и лузни од акни.  

Како може да се отстранат акне лузните?

Благодарение на напредните медицински технологии акне лузните може да се ублажат или отстранат под надзор на дерматолог. Лузните кај секого се различни по големина и длабочина па затоа и пристапот на третирање е индивидуален и прилагоден спрема состојбата на пациентот. Најчесто најдобри резултати дава комбинација на неколку третмани кои ги одредува и спроведува дерматолог.

Хемиски пилинг – третман со овошна киселина со одредена концентрација ќе биде нанесена на кожата со цел да се одстрани површинскиот слој кожа. Многу јаките концентрации може да стигнат до подлабоките слоеви на дермот. Може да постои лесно црвенило. Целта на хемискиот пилинг е да предизвика лупење на кожата. Во првите 14 дена се појавува новата кожа. По третманот потребна е грижа за кожата со хидратација и протекција со заштитен фактор. Овој третман не се прави во летниот период.

Дермаролер – ваљак прекриен со бројни микроиглички со кој при поминување врз кожата со лесен притисок се прават нежни микроубоди во епидермот односно површинскиот слој на кожата. Овие микроубоди на кожата делуваат на тој начин што ја стимулираат самата да се обновува преку продукција на колагени и еластични влакна и потикнување на факторот на раст што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со дермаролерот можат да се третираат целото лице, вратот и деколтето и други делови од телото во случај да се стретираат стрии и лузни. 

Резултатите од третманот се забележуваат уште после првиот третман,особено по две недели откако кожата ќе се регенерира. Сепак тоа е процес во кој кожата е стимулирана да се регенерира во наредните месеци со одржување на ефектот долго време. За целосен ефект се препорачуа да се направат 4-7 третмани на растојание од околу 3 недели.   

Ласерски третмани Pixel RF технологија – третман кој стои помеѓу конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат премногу време за опоравување. Новата пиксел технологија ја подобрува структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со илјадници микроскопски RF пиксли, работи како Photoshop за Вашата кожа. Пикселите во кожата се микрошуплини во длабоко оштетените слоеви кои ја разбудуваат кожата наново да ги множи сите свои структури и на природен начин да ја исполни лузната. После само неколку третмани резултатите се видливи и повеќе од задоволителни. Неколку дена по третманот има поинтензивно црвенило кое завршува со крустација. После тоа кожата е помазна и ефектот е видлив после секој третман. 

Фотодинамска терапија со лед светлина – нова димензија во лекувањето на акни. Ефектот на терапијата се базира на апсорпција на светлината од бактериите од кои што настануваат акните и значително се намалува работата на лојните жлезди, со што се намалуваат шансите за повторна појава на акни. Фотодинамската терапија е брза, безболна и ефикасна метода.

Микродермоабразија – третман на благи лузни од акни. За време на процедурата дерматологот работи со сонда која исфрла кристали за да се отстранат површинските слоеви од кожта. Со серија од третмани кожата регенерира и плитките лузни стануваат помалку видливи. После третманот со микродермоабразија кожата може да биде црвена, оваа состојба трае само неколку часа.

Третирање на акни со blulight технологија -Блулајт технологијата е неинванзивна процедура која користи светлина од сината бранова должина помеѓу 405-420 nm за уништувањето на пропинобактериски акни кои се одговорни за формирањето на акне лезиите на кожата. Оваа фотодинамична тереапија е FDA-одобрена за третирањето на лесни и средно тешки облици на акне вулгарис или акне вулгарис кои се резистентни на останатите терапии за акни.Третманот трае петнаесетина минути и најчесто се потребни две до три сесии неделно во период од две недели а потоа третманите се разредуваат во цели на одржување на ефектот. При третманот со аминолевулцин е потребна апликација на аминолевулцин во период од триесетина минути пред да започне третманот. За време на третманот се ставаат заштитни  очила. Третманот не е болен и добро се поднесува а индивидуано може да се јави благо поцрвенување на кожата за кое е потребно краткотрајно ладење. Веднаш потоа може да се продолжи со секојдневните активности. 


Совет

Акните може да траат повеќе години и единствените што се стручни да ја водат оваа проблематика се само лекарите дерматолози.

– Не ги притискајте самите мозолчиња бидејќи може да настане ширење на инфекцијата  во длабочината на кожата. Следете ги советите на Вашиот дерматолог.

Правилна нега и навремена терапија е сигурно решение да не  се јават несакани последици како што се лузни од акни кои ќе треба подоцна  дополнително да се лекуваат.





Сексуално преносливи инфекции

Дијагностика и третмани на сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливи инфекции (СТИ) се болести кои се пренесуваат при сексуален т.е интимен контакт помеѓу две лица преку контакт кожа со кожа или слузокожа. И покрај обидите за се поголема информираност во оваа област, модерниот начин на живеење, раното стапување на младите во интимни односи, зголемениот промискуитет со често менување на партнери и некористењето на презервативи при сексуален однос, се најчестите причини за зголемениот процент на овие болести помеѓу сексуално активното население.

За разлика од бактериските полово преносливи болести кои успешно се третираат со соодветна терапија, третманот на вирусните СТИ е проблематичен и понекогаш неуспешен.Најчести вирусни СТИ се инфекциите со хуман папилома вирус (ХПВ), херпес симплекс вирус и         инфекција со молускум контагиозум вирус. Во пораст е и инфекцијата со ХИВ вирусот.


Габична инфекција на нокти

Третман на габична инфекција на нокти со Q-switch ласер

Ласерскиот третман со Q-switch е најновиот пристап во терапија на габична инфекција на нокти. Прецизно упатен ласерски зрак може да ја елиминира габичната инфекција без да го оштети околното ткиво на ноктот. Ласерскиот зрак работи на точно определена фреквенција и ги третира само оние клетки кои се одговорни за појавата на инфекцијата.

Ласерскиот третман не предизвикува здравствени проблеми, а пациентите не чуствуваат непријатност за време на третманот. Самиот третман трае околу десетина минути за третирање на ноктот од големиот прст. Се разбира доколку имате инфицирано неколку нокти третманот подолго ќе трае. Постои и добро познатиот начин на терапија со соодветна одбрани лекови кои ги препорачува лекар дерматолог.

Проширени вени и капилари

Дијагностика и третман на проширени капилари и вени

Компјутеризирана доплер ултрасонографија или ехо на крвни садови е дијагностичка метода со која се овозможува визуелизација на протокот и функцијата на периферните крвни садови (артериските и венските крвни садови).

Алергии

Алерголошки тестирања

Порастот на алергиите и алергиските болести кај пациентите е присутен заради хиперсензитивноста и променливиот имунитет. Стресот, неурамнотежениот начин на живот, вклучително небалансирана исхрана, зголемениот внес на брза храна, нередовна физичка активност се фактори кои придонесуваат за намалување на имунитетот и појавата на алергичните реакции.

Основното во лекувањето на пациентите е детерминирање на предизвикувачот за појава на алергијата преку алерголошките тестови, како и соодветната едукација на пациентот. Алерголошките иследувања се прават ин виво и ин витро, преку кожни алерголошки тестови ( prick), patch тестови, провокациони тестови, па се до серолошки тестови. За секој проблем постои решение, а за некои проблеми постојат решенија кои можеме да ги решиме со навремено консултирање на лекар, алерголог кој соодветно ќе пристапи во насока на дијагностицирање, лекување и Ваша едукација.

Микроскопско дијагностицирање на кожни заболување

Специфично подготвени кожни исечоци кои микроскопски ги   прикажуваат  хистолошките карактеристики на одделни кожни заболувања, се супериорен  метод во дерматолошката дијагностика. Микроскопски се дијагностицираат и габичните заболувања  на кожата, со  нативен порепарат на влакна, нокти или лушпи  од кожни лезии. По потреба  може да се засади и култура

Криотерапија – терапија со течен азот

Криотерапија или терапија со течен азот е брз и бебебеден третман во лечење на кожни промени. Течен азот се применува за отстранување на голем број на бенигни и малигни лезии на кожата како што се: вирусните брадавици, генитални брадавици, некои форми на рак на кожа, келоиди, хипертрофична лузни, мали хемангиоми, соларни кератози, флеки… Терапијата се одвива во амбуланти услови од страна на дерматолог. Промените се отсрануваат засекогаш и не остануваат лузни.

Радиобранова терапија

Радиобрановата технологија е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со генерирање на топлина, со помош на енергија од радиобранови. Резултат од ова е, во исто време сечење и коагулирање на ткивото, па затоа при оваа метода не е потребно да се употреби хируршки конец за да се затвори раната. Естетскиот резултат, степенот на болка и брзината на заздравување се многу подобри во однос на постарите методи, односно користење на скалпел или силни хемикалии за уништување на одредени лезии.

Бидејќи процесот на отстранување не е многу длабок, вообичаено не останува лузна на третираното место. Но, лицата кои се склони кон создавање келоиди или груби лузни имаат поголем ризик да им остане лузна, значи се зависи од природниот ген кој го носиме.

СОВЕТ: При било какви кожни промени или израстоци на кожата, секогаш прво обратете се кај дерматолог, кој на најпрофесионален начин ќе се погрижи израстокот на кожата со најсодветната техника да биде безбедно отстранет и без никакви последици по вашето здравје. 

Компјутерска дерматоскопија

Компјутеризирана дерматоскопија на бемки и други промени на кожа

При компјутерска дерматоскопија се користи специјален микроскоп кој се користи за испитување на пигментирани лезии на кожата, со цел да се разликуваат меланоцитните од немеланоцитните пигментни лезии и да се одлучи дали пигментните лезии се малигни. Дерматоскопскиот дигитален дијагнотички метод е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени.

Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа. Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. После извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи европско прифатени класификации за анализа на истите. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период.

Специјалистички прегледи

Со примена на најновите достигнувања и сознанија во дерматологијата се изведуваат специјалистичките прегледи, дијагностиката и терапијата на кожните заболувања. Постојаното, континуирано следење на најновите трендови во дерматологијата ни овозможува да бидеме водечка приватна специјализирана ординација во земјата.

Во ординацијата се применуваат современи постапки кои се спроведуваат со апарати од најпознатите светски фирми, единствени во Македонија. Последните добиени сознанија за биологијата на кожата, патолошко-анатомските процеси, современите етио-патогенетски и тераписки пристапи, применувајќи современи процедури дава одлична можност за добар тераписки исход. Успешноста се зголемува со комбинирана терапија.

Големиот број на задоволни пациенти се доказ за ексклузивниот пристап и излекувањето.