Радиобранова терапија

Радиобрановата технологија е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со генерирање на топлина, со помош на енергија од радиобранови. Резултат од ова е, во исто време сечење и коагулирање на ткивото, па затоа при оваа метода не е потребно да се употреби хируршки конец за да се затвори раната. Естетскиот резултат, степенот на болка и брзината на заздравување се многу подобри во однос на постарите методи, односно користење на скалпел или силни хемикалии за уништување на одредени лезии.

Бидејќи процесот на отстранување не е многу длабок, вообичаено не останува лузна на третираното место. Но, лицата кои се склони кон создавање келоиди или груби лузни имаат поголем ризик да им остане лузна, значи се зависи од природниот ген кој го носиме.

СОВЕТ: При било какви кожни промени или израстоци на кожата, секогаш прво обратете се кај дерматолог, кој на најпрофесионален начин ќе се погрижи израстокот на кожата со најсодветната техника да биде безбедно отстранет и без никакви последици по вашето здравје.