Озонотерапија

Со озонотерапијата се отстрануваат слободните радикали од организмот, се регулира антиоксидативниот биланс, се зголемува имунитетот, се одложува процесот на стареење, се надминува стресот и хроничниот замор и се зголемува виталноста.

Озонот е природен антибиотик и за многу кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Извонредно делува и на нервниот систем, го подига нивото на интелектуална способност, го зголемува вниманието и го забрзува размислувањето. Крвотокот збогатен со озон ги активира клетките и преку циркулацијата му помага на организмот во остварувањето на своите функции.

Озонотерапијата е најмоќниот стимулатор на имуниот систем. Имунитетот се зголемува со директно активирање на леукоцитите, кои се стимулираат за борба против вирусите и бактериите, а во исто време се зголемува и нивниот број. На тој начин уште на самиот “ влез “ во организмот се уништуваат причинителите на болестите.Со регулирање на антиоксидативниот статус на организмот во борба против слободните радикали, се одложува процесот на стареење, и ве одржува здрави и витални.

Кај кои други заболувања помага?

  • при артериосклероза и стеснување на крвните садови
  • ги балансира мастите и шеќерите во организмот
  • помага кај херпеси и ХПВ инфекции
  • псоријаза и чиреви по кожа
  • го победува заморот, стресот, се подобрува концентрацијата и меморијата
  • го зголемува либидото
  • се добива сила