Акни

Лекување и третман на акни и лузни од акни

Што треба да знаете за акните

Акне е најчесто заболување на кожата кое ги зафака  85% од адолесцентите.  Акните не влијаат директно на здравствената состојба на пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија. Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување. 

Која е причината за појава на акни?

Делуваат повеќе  причинители едновремено  за појава на акни. Некои од  нив се следниве :

–   Гените кои ги наследуваме играат најголема улога дали една особа ќе развие акни или не;

–  Во период на пубертетот се поврзуваат со сеште нерегулираната хормонална активност;

–  Зачепување на изводните канали на лојните жлезди ;

– Зголемено размножување на бактериите (Propionibacterium acnes) нормално присутни во кожата што  доведува до формирање на гнојната бубулица.

Каде се локализирани акните?

Акните се локализирани на кожата на лицето, грбот и градите .  Може да се појават во еден од следниве облици :

–  Комедони (митисери) или познати како црнки или белки;

–  Папули (воспалени црвеникави мозолчиња);

–  Пустули (гнојаници) исполнети се со гној;

–  Tешки облици на акни  –  односно чворести промени кои оставаат големи и длабоки лузни

Лекување на акни

Лекувањето на акните мора да биде спроведено на време, индивидуално прилагодено и спроведено од стручно лице.

– Лечењето може да биде локално (лекови кои се мачкаат на кожата во облик на  гелови и креми) и системски (во облик на таблета и капсули). Кај сите облици на акни секогаш е добредојденa употребата на медицинска козметичка линија препорачана од дерматолог .

– Постојат современи технологии и процедури кои го подобруваат и убрзуваат лекувањето на акните, а се користат во ординација д-р Анчевски . Некои од најефектните третмани за акне кои се безбедни и приспособени за секоја возраст се: кристалниот пилинг или микродермоабразија, хемиски пилинг , радиобранови, ласерски третмани и фотодинамска терапија.  Овие третмани го чистат лицето од постоечките митесери и акни,  од  површинскиот слој на маст и мртви клетки, ги отвораат порите и  се одложува можноста за создавање нови акни и лузни од акни.  

Како може да се отстранат акне лузните?

Благодарение на напредните медицински технологии акне лузните може да се ублажат или отстранат под надзор на дерматолог. Лузните кај секого се различни по големина и длабочина па затоа и пристапот на третирање е индивидуален и прилагоден спрема состојбата на пациентот. Најчесто најдобри резултати дава комбинација на неколку третмани кои ги одредува и спроведува дерматолог.

Хемиски пилинг – третман со овошна киселина со одредена концентрација ќе биде нанесена на кожата со цел да се одстрани површинскиот слој кожа. Многу јаките концентрации може да стигнат до подлабоките слоеви на дермот. Може да постои лесно црвенило. Целта на хемискиот пилинг е да предизвика лупење на кожата. Во првите 14 дена се појавува новата кожа. По третманот потребна е грижа за кожата со хидратација и протекција со заштитен фактор. Овој третман не се прави во летниот период.

Дермаролер – ваљак прекриен со бројни микроиглички со кој при поминување врз кожата со лесен притисок се прават нежни микроубоди во епидермот односно површинскиот слој на кожата. Овие микроубоди на кожата делуваат на тој начин што ја стимулираат самата да се обновува преку продукција на колагени и еластични влакна и потикнување на факторот на раст што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со дермаролерот можат да се третираат целото лице, вратот и деколтето и други делови од телото во случај да се стретираат стрии и лузни. 

Резултатите од третманот се забележуваат уште после првиот третман,особено по две недели откако кожата ќе се регенерира. Сепак тоа е процес во кој кожата е стимулирана да се регенерира во наредните месеци со одржување на ефектот долго време. За целосен ефект се препорачуа да се направат 4-7 третмани на растојание од околу 3 недели.   

Ласерски третмани Pixel RF технологија – третман кој стои помеѓу конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат премногу време за опоравување. Новата пиксел технологија ја подобрува структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со илјадници микроскопски RF пиксли, работи како Photoshop за Вашата кожа. Пикселите во кожата се микрошуплини во длабоко оштетените слоеви кои ја разбудуваат кожата наново да ги множи сите свои структури и на природен начин да ја исполни лузната. После само неколку третмани резултатите се видливи и повеќе од задоволителни. Неколку дена по третманот има поинтензивно црвенило кое завршува со крустација. После тоа кожата е помазна и ефектот е видлив после секој третман. 

Фотодинамска терапија со лед светлина – нова димензија во лекувањето на акни. Ефектот на терапијата се базира на апсорпција на светлината од бактериите од кои што настануваат акните и значително се намалува работата на лојните жлезди, со што се намалуваат шансите за повторна појава на акни. Фотодинамската терапија е брза, безболна и ефикасна метода.

Микродермоабразија – третман на благи лузни од акни. За време на процедурата дерматологот работи со сонда која исфрла кристали за да се отстранат површинските слоеви од кожта. Со серија од третмани кожата регенерира и плитките лузни стануваат помалку видливи. После третманот со микродермоабразија кожата може да биде црвена, оваа состојба трае само неколку часа.

Третирање на акни со blulight технологија -Блулајт технологијата е неинванзивна процедура која користи светлина од сината бранова должина помеѓу 405-420 nm за уништувањето на пропинобактериски акни кои се одговорни за формирањето на акне лезиите на кожата. Оваа фотодинамична тереапија е FDA-одобрена за третирањето на лесни и средно тешки облици на акне вулгарис или акне вулгарис кои се резистентни на останатите терапии за акни.Третманот трае петнаесетина минути и најчесто се потребни две до три сесии неделно во период од две недели а потоа третманите се разредуваат во цели на одржување на ефектот. При третманот со аминолевулцин е потребна апликација на аминолевулцин во период од триесетина минути пред да започне третманот. За време на третманот се ставаат заштитни  очила. Третманот не е болен и добро се поднесува а индивидуано може да се јави благо поцрвенување на кожата за кое е потребно краткотрајно ладење. Веднаш потоа може да се продолжи со секојдневните активности. 


Совет

Акните може да траат повеќе години и единствените што се стручни да ја водат оваа проблематика се само лекарите дерматолози.

– Не ги притискајте самите мозолчиња бидејќи може да настане ширење на инфекцијата  во длабочината на кожата. Следете ги советите на Вашиот дерматолог.

Правилна нега и навремена терапија е сигурно решение да не  се јават несакани последици како што се лузни од акни кои ќе треба подоцна  дополнително да се лекуваат.





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>