Сексуално преносливи инфекции

Дијагностика и третмани на сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливи инфекции (СТИ) се болести кои се пренесуваат при сексуален т.е интимен контакт помеѓу две лица преку контакт кожа со кожа или слузокожа. И покрај обидите за се поголема информираност во оваа област, модерниот начин на живеење, раното стапување на младите во интимни односи, зголемениот промискуитет со често менување на партнери и некористењето на презервативи при сексуален однос, се најчестите причини за зголемениот процент на овие болести помеѓу сексуално активното население.

За разлика од бактериските полово преносливи болести кои успешно се третираат со соодветна терапија, третманот на вирусните СТИ е проблематичен и понекогаш неуспешен.Најчести вирусни СТИ се инфекциите со хуман папилома вирус (ХПВ), херпес симплекс вирус и         инфекција со молускум контагиозум вирус. Во пораст е и инфекцијата со ХИВ вирусот.