Дермалните филери се стерилни гелови од хијалуронска киселина кои се инјектираат непосредно под површината на кожата со цел да се направи корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата преку нивно пополнување. Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите.
Филерите, освен за коригирање на брчките, може да се користат и за зголемување на волуменот на усните и пополнување на јаболчниците со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младешки изглед.
Комбинација од различни филери се користат за постигнување на подобри резултати, поради што дерматологот соодветно на вашите желби, ќе ви понуди специфичен третман кој за секој клиент е индивидуален.
Постојат повеќе различни типови на дермални филери вклучувајќи хуман колаген, хијалуронска киселина, масно ткиво од донор или сопствено масно ткиво ( автологно масно ткиво).
Дермалените филери може да бидат привремени и трајни. Најчесто користен траен филер е силиконскиот. Привремените филери, постепено се абсорбираат од ткивото, најчесто за 3-9 месеци, по што потребно е повторно нивно аплицирање за оддржување на постигнатиот ефект. Дермалните филери може да се инјектираат во регии со фини линии и брчки на кожата на лицето.
Најчесто третирани регии се линиите на насмевка околу усните и носот, фините линии над усната, линиите помеѓу очите. Со филерите покрај корегирање на брчките може да се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младалачки изглед.
Исто така дермалните филери може да се користат и за корекција на посттрауматски лузни или лузни од акни.