РАДИЕСЕ е идеален начин да се обнови изгубениот волумен на лицето. Со помош на филерот радиесе му посакувате добредојде на природниот колаген кој ќе ги измазни знаците на стареење. Единствената формулација на филерот радиесе е стимулиција за создавање на нов колаген што резултира со зголемен обем кој може да трае една година и повеќе. Благодарение на специјална гел-матрица резултатите се веднаш видливи.Нежните и длабоки брчки, шупливите и оштетени образи исчезнуваат враќајки ги природните контури.
Двојниот ефект овозможува моментално пополнување и последователно зголемување на волуменот кој се должи на еластична гел-матрица овозможувајки долготрајно дејство благодарејќи на стимулацијата на природниот колаген. Самиот гел, како и микросферите, се безбедни за организмот и воопшто не му штетат, притоа природно се разложуваат во телото со текот на времето.
СКУЛПТРА е долготраен, клинички докажан третман, кој стимулира создавање нов сопствен колаген и на тој начин може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчките на кожата, како и да се обнови и зголеми загубениот волумен на лицето што физиолошки настанува со процесот на стареење.
Подобрувањето на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен, по што вашето лице добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат две години. Основната примена на скулптрата е за зголемување на обемот на опуштените области, особено за корекција на опуштеноста на кожата, коригирање на кожните вдлабнатини, фини линии и брчки настанати со стареење на кожата, како и на корекција на волуменот и на предзнаците на загуба на масното поткожно ткиво.