Прва и единствена неинвазивна бјути технологија за трансформација на Вашата кожа
Што претставува JET PEEL?
JET PEEL претставува иновативен повеќечекорен третман за лице и тело кој ги спојува бенефитите на целосно природна хидродермоабразија, хемиски пилинг, автоматска безболна екстракција и нежна инфузија на различни нутриенти и анти ејџинг компоненти длабоко во дермот каде се одвиваат процесите на регенерација на кожата. Тој претставувава прва и единствена неинвазивна бјути технологија во светот која во целост го менува лицето на естетските третмани.
На кој принцип на работа се базира JET PEEL?
JET PEEL третманот се базира на ексклузивна Jet технологија, одобрена од страна на FDA, која го комбинира кислородот со различни течности во специјално патентирани канили со цел да генерира тенки јет млазови од микро капки кои движејќи се со субсонична брзина од над 200м/сек и под голем притисок навлегуваат во дермот на длабочина до 4.5мм. На овој начин со многу моќен но сепак нежен млаз се врши ексфолијација на површинските слоеви на клетки без иритација на кожата, а потоа без игла се постигнува трансдермална инфузија на различни супстанции потребни за процесите на регенерација на кожата.
Како се изведува третманот?
Третманот се состои од 4 последователни чекори кои се изведуваат со различни масажни движења мошне комфорни за клиентот:
- Лимфна дренажа – релаксирачка масажа со која се врши детоксикација и оксигенација на кожата, се подобрува циркулацијата и се стимулира лимфната дренажа.
- Хидрадермоабразија – со која со помош на различни киселини со различна концентрација се отстрануваат површинските мртви клетки и се припрема кожата за примање на потхранувачките состојки во наредната фаза без притоа да биде иритирана.
- Хидропорација – овозможува ефикасна и длабока достава на активни состојки во дермот во форма на различни биоактивни компоненти како хијалуронска киселина, биопептиди, растителни матични клетки, витамини, миорелаксанти, избелувачки комплекси, антивоспалителни супстанции, супстанции кои намалуваат потење, супстанции кои стопираат опаѓање и потикнуваат раст на коса и други.
Бустер инфузија – за зголемување на ефектот со витамини и хијалуронска киселина.
За кого се препорачува овој третман?
JET PEEL е погоден за сите оние кои сакаат да ја подмладат и освежат својата кожа, особено за лицата кои од различни причини сакаат да ги избегнат третманите со игла. Се препорачува кај сите типови на кожа и за третман на различни состојби на кожата на лицето и телото како:
- Анти ејџинг третмани за подмладување и регенерација на кожата
- Затегнување на кожата
- Измазнување на брчки
- Интензивна хидратација на сува кожа
- Намалување и отстранување на хиперпигментации
- Третман на акни и црнки
- Третман на осетлива кожа и кожа со розацеа
- Третман на лузни
- Намалување на пори
- Третмани за намалување на опаѓање на косата и стимулација на нејзин раст
- Намалување на потење
- Обнова на фотооштетена кожа
- Корекција на темни кругови и отоци под очите
- Подобрување на циркулација и лимфна дренажа
Третманот не се препорачува кај бремени и доилки поради можна ресорпција на некои од состојките во серумите, кај лица кои во блиско време биле третирани од карцином, лица со херпетични и други воспалителни промени на кожата како и оние со тешка форма на акни и се на терапија со Роакутан.
Што се постигнува со третманот?
Со JET PEEL третманот се постигнува интензивна хидратација на кожата што веднаш дава зголемен волумен, сјај, измазнети тенки и подлабоки брчки, намалено црвенило, намалена појава на акни и избелување на флеките. Порите се затвараат, тенот се изедначува а кожата е мека со измазнета текстура и младешки изглед. Резултатите се веднаш видливи, а со повторување на третманите и долготраечки. Тие не завршуваат со завршување на третманот бидејќи клеточната обнова продолжува да се случува во наредниот период. Третманот може да се изведе и директно пред специјален настан бидејќи дава преубава свежина и сјај на кожата.