ДЕРМАРОЛЕР – третман за подмладување

Дермаролер е ваљак прекриен со микроиглички, при третманот се прават нежни микроубоди во површниот слој на кожата кој предизвикува стимулација и продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни, и брчките на кожата.

Со помош на дермаролерот механички се стимулира кожата за исфрлање на оштетениот дел и создавање на нов колаген, поттикнување на факторот на раст, што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со него може да се третираат образите, брадата, челото, вратот и деколтето, со што кожата се регенерира и освежува. Можат да се отстранат брчките, се спречува предвремното стареење, се отстрануваат лузни од акни, се ублажуваат и отстрануваат стрии, се стимулира производството на колаген и еластин во кожата.

Ова е идеален третман за кожа со проширени пори и лузни од акни.Што се однесува до трајноста на резултатите, дури и ако веднаш по третманот се види подобрување, мора да се почека да поминат неколку недели колку што трае процесот на обновување на ќелиите. Се советува да се направат од 4 до 7 третмани, зависно од зоната, а периодот помеѓу третманите да биде околу три недели.