PRP (platelet rich plasma) плазма збогатена со тромбоцити

ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на  човечки тромбоцити во мала количина на плазма добиена  од самиот пациент. Оваа метода се изведува така што се  зема мала количина на крв која се става во посебна  епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со  специјални активатори на тромбоцити и се аплицира на  пациентот. 

Така подготвената плазмата е богата со матични  клетки и фактори на раст. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. Апликацијата на плазмата со тромбоцити која е со мезоигли е за кожата своеврсна микротраума која го поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. За време на зараснување доаѓаат многу клетки кои заедно со тромбоцитите кои се аплицират придонесуваат кожата на природен начин да се обнови. Тоа се постигнува преку матичнте клетки кои биваат активирани од аплицираните тромбоцити и кои доведуваат до образување на ново колагенско ткиво. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген.

 Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична и затегната. Предност на оваа метода е што таа е 100% природна а благодарение на кумулативниот ефект гарантира долготрајност на добиениот резултат. ПРП методата го забавува процесот на стареење, ја подмладува и регенерира кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, исто така е многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето ги корегира фините линии на ситни и средно изразени брчки, го зголемува волуменот на кожата преку стимулација на множество на нов колаген и фибрин.

Првите резултати се видливи после еден до два месеци од третманот кога што по потреба може да се направи и втора процедура. Безбеден е да се изведува во било која возраст неограничен број пати.