ПРОМОЦИИ

✨ Кожата после летото бара повеќе од обична нега.

Време е да ѝ го вратиме свежиот изглед, природниот сјај и убавината. ✨

🎁 20% ПОПУСТ на специјално комбинирани третмани:

01 | ClearLift + персонализиран мезотерапевтски коктел

02 | NIR + персонализиран мезотерапевтски коктел

💎 Современа технологија + персонализирана нега за кожа која изгледа посвежо, похидрирано и негувано.

☀️ Не дозволувајте летото да остави траги на вашата кожа.

📞 Закажете термин:

☎️ 02 321 66 08

📱 075 280 875 (Viber & WhatsApp)

‼️35% ПОПУСТ на пакет од 4 третмани за намалување на локализирани масни наслаги и подобрување на контурите на лицето🥰

🌟РАДИОФРЕКВЕНТЕН ЛАСЕР + МЕЗОТЕРАПИСКА ЛИПОЛИЗА

🔹 Намалување на локализирани масни наслаги
🔹 Поддршка на лимфната дренажа
🔹 Подобрување на цврстината и изгледот на кожата

💰 Редовна цена: 20.000 денари
🔥 Промо цена: 13.000 денари

Закажете консултација и информирајте се дали третманот е соодветен за вас.
☎️ 02 321 66 08
📱 075 280 875 (Viber & WhatsApp)

PRX T33 пилинг

PRX-T33 е неинванзивен, совршен пилинг за биоревитализација на кожата, кој се разликува од останатите хемиски пилинзи по тоа што не предизвикува луштење на кожата, нема фотосензибилизација и може да се прави во сите сезони, дури и во лето.

PRX-T33 e комбинација од 33% трихлороцетна киселина и водороден пероксид и благодарение на оваа формула тој успева да пенетрира длабоко во кожата и да стимулира регенерација и стимулација на продукцијата на колаген, без притоа да направи површинска иритација на кожата, односно лупење и црвенило кое е карактеритично за другите хемиски пилинзи.

Кој е ефектот од PRX ?

Со неговата примена се постигнува затегнување и рејувенација на кожата, инстантен сјај и измазнување на фините линии, брчки на кожата. Покрај неговиот anti-age ефект се користи и кај одредени медицински состојби на кожата како: лузни од акне, стрии, хиперпигментации односно флеки, пеѓи и длабинско чистење на порите на лицето и комедоните.  Третманот го стимулира растот на фибробластите во кожата и синтезата на колаген, а истовремено има и антиинфламаторно дејство, ги уништува патогените бактерии кои предизвикуваат акни и ја зголемува еластичноста на дермисот.

Ефектот е видлив после првиот третман, а по серија на третмани кожата се измазнува, се ревитализира, станува блескава и добива соодветна хидрираност.

Колку време трае третманот и колку третмани се препорачува да се направат ?

Третманот трае од 20-40 минути и покрај неговата класична апликација на лицева регија може да се користи и на тело, зависно од потребите. Се препорачува да се напрват 3 третмани на растојание од 1 месец, додека кај одредени индикации се прават и повеќе третмани, до постигнување на посакуваниот ефект.  Апсолутно безболна метода без несакани алергиски реакции, иритации и изгореници, по што веднаш можете да се вратите на секојдневните обврски.

Може да се извадува самостално и во комбинација со други естетски процедури како дермални филери, мезотерапија, радиобранови и ласерски третмани.

Кај кого може да се изведува ?

 Може да се употребува кај сите типови на кожа, на сите возрасти и во сите годишни времиња, што исто така го издвојува од останатите пилинзи кои се изведуваат единствено за време на зимските месеци.