Повеќе години наназад најуспешната технологија за отстранување на тетоважи е ласер со Q-swich технологија. Q-Switch ласерите се разликуваат од другите ласери бидејки имаат кратко време на траење на ласерскиот импулс и голема моќ. Времето на траење на ласерскиот зрак се мери во нано и пикосекунди, а кај останатите ласери во милисекунди т.е 6-9 пати подолго.
Тој го разбива пигментот со генерирање на зрак со висока енергија која се испорачува до кожата во наносекунди и која многу селективно е разорна за мастилавиот пигмент а во исто време кожата не може да ја апсорбира па останува заштитена. За потполно отстранување на тетоважа се прават неколку третмани од 4 до 10 во зависност од површината што ја зафаќа тетоважата, типот на мастилото со кое што е изработена и временскиот период односно колку е стара тетоважата.
Ласерот за отстранување тетоважи е првиот и единствен професионален ласер за таа намена во нашата земја и успешно е стартувана работата со него. Првите искуства се многу позитивни, пациентите добро го поднесуваат третманот, кој не е болен и се забележуваат резултати и после првиот третман.