ПРОМОЦИИ

ЕСЕНСКА ПРОМОЦИЈА

✨ 20% ПОПУСТ на комбинација од третмани за:

✔️ хиперпигментации

✔️ акни

✔️ колагенска стимулација

✔️ фотоподмладување

✔️ регенерација и лифтинг

🔬 Третманите се изведуваат под надзор на лекар специјалист со најсовремени ласери, за извонредни и сигурни резултати.

💎 Подгответе ја кожата за новата сезона

📞 Закажете термин: 02 321 66 08 / 075 280 875

🎉 Одбележуваме 2️⃣0️⃣ години јубилеј, со 20% попуст на еден од нашите најбарани третмани во изминатите 20 години – ласерска епилација!

✨️Долготрајно и неинвазивно решение, дефинитивно најдобриот избор за отстранување на несаканите влакна.

☝️Третманите се спроведуваат со најдобриот и најефикасен ласер, а целата постапка се изведува под надзор на специјалист – дерматолог.

🚫 Заборавете на бричење и депилација – кажете збогум на несаканите влакна!

📞 Закажете термин: 02 321 66 08 | 075 280 875

PRX T33 пилинг

PRX-T33 е неинванзивен, совршен пилинг за биоревитализација на кожата, кој се разликува од останатите хемиски пилинзи по тоа што не предизвикува луштење на кожата, нема фотосензибилизација и може да се прави во сите сезони, дури и во лето.

PRX-T33 e комбинација од 33% трихлороцетна киселина и водороден пероксид и благодарение на оваа формула тој успева да пенетрира длабоко во кожата и да стимулира регенерација и стимулација на продукцијата на колаген, без притоа да направи површинска иритација на кожата, односно лупење и црвенило кое е карактеритично за другите хемиски пилинзи.

Кој е ефектот од PRX ?

Со неговата примена се постигнува затегнување и рејувенација на кожата, инстантен сјај и измазнување на фините линии, брчки на кожата. Покрај неговиот anti-age ефект се користи и кај одредени медицински состојби на кожата како: лузни од акне, стрии, хиперпигментации односно флеки, пеѓи и длабинско чистење на порите на лицето и комедоните.  Третманот го стимулира растот на фибробластите во кожата и синтезата на колаген, а истовремено има и антиинфламаторно дејство, ги уништува патогените бактерии кои предизвикуваат акни и ја зголемува еластичноста на дермисот.

Ефектот е видлив после првиот третман, а по серија на третмани кожата се измазнува, се ревитализира, станува блескава и добива соодветна хидрираност.

Колку време трае третманот и колку третмани се препорачува да се направат ?

Третманот трае од 20-40 минути и покрај неговата класична апликација на лицева регија може да се користи и на тело, зависно од потребите. Се препорачува да се напрват 3 третмани на растојание од 1 месец, додека кај одредени индикации се прават и повеќе третмани, до постигнување на посакуваниот ефект.  Апсолутно безболна метода без несакани алергиски реакции, иритации и изгореници, по што веднаш можете да се вратите на секојдневните обврски.

Може да се извадува самостално и во комбинација со други естетски процедури како дермални филери, мезотерапија, радиобранови и ласерски третмани.

Кај кого може да се изведува ?

 Може да се употребува кај сите типови на кожа, на сите возрасти и во сите годишни времиња, што исто така го издвојува од останатите пилинзи кои се изведуваат единствено за време на зимските месеци.